Стари, добри, и заборавени...

Член од
8 јуни 2010
Мислења
106
Поени од реакции
261
http://www.imdb.com/title/tt0079417/
Kramer vs Kramer

Драма од 1979 година. Мерил Стрип глуми жена на која и е смачено од улогата на мајка и домаќинка додека мажот и (Дастин Хофман) постојано работи, и решава да го напушти и да му го остави синот да го израснува. Таткото одеднаш се наоѓа во ќорсокак и мора да најде баланс помеѓу работата и таковството. И покрај неговата огромна пожртвуваност и фактот што тој успева да се зближи со синот, судот старателството решава да го додели на мајката.
Ова е одличен филм кој прикажува каков е животот на самохраните родители и нивните деца. Филмот е добитник на 5 оскари, меѓу кои и Хофман за најдобра машка улога, и Стрип за споредна женска улога.
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.559
Поени од реакции
2.524

Ерик Робертс :zver::cuc: кој неправедно остана у сенка на сестра му Џулија, доволна причина да се погледне филмов, биографија за една плејбој зајачица

драма-мистерија у Линч WTF стил, која комбинација на бои, перверзија е коа го глеаш у хд :drk:

Јако сценарио, изненадувачки добра глума од Брендон Волш како уверливо си одглуми овде трансформација на сметководител у платен убиец :aplauz:+ Кимберли Вилијамс :love:

Ми текна одма и на интереснава тензична крими-драма со уште еден од Б Хилс :D Лук Пери и Ешли Џад :love::love::love: у Бони и Клајд стил
 
Последно уредено:

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.753
Поени од реакции
5.011
12 Angry Man (1957) e филмиште ипол и за џабе не е број 5 на имдб

Никад го неам начекано на тв.

После тоа сценарио,карактери и глума ќе им акнеш крст на многу други филмови.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
12 Angry Man (1957) e филмиште ипол и за џабе не е број 5 на имдб

Никад го неам начекано на тв.

После тоа сценарио,карактери и глума ќе им акнеш крст на многу други филмови.
Потенцирај само дека се работи за верзијата од 1957, римејкот е лош.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.753
Поени од реакции
5.011
Потенцирај само дека се работи за верзијата од 1957, римејкот е лош.
Искрено не ни знаев дека постои римејк,ко шо незнаев до лани дека Психо од Хичкок имал римејк со Винс Вон у главна улога.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Искрено не ни знаев дека постои римејк,ко шо незнаев до лани дека Психо од Хичкок имал римејк со Винс Вон у главна улога.
Има, со Џејмс Гандолфини од 1997. Мислам дека нема потреба да се троши енергија воопшто да се прават римејкови на класици. Едноставно плафонот со глумата е толку високо качен што колку и да се трудат актерите во римејкот, пак ќе е бледо.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.753
Поени од реакции
5.011

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
DJANGO (1966) (y)
DJANGO Strikes Again (1987) (y)
DJANGO Unchained (2012) - тешко срање од филм овој Џанго од 2012 година и нема никаква врска со оние првите и оригинални два Џанго филма со актерот Франко Неро што се !
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.559
Поени од реакции
2.524
The Heartbreak Kid (1972)
Не ми е јасно како овој филм ја нема популарноста на The Graduate, слични филмови се, подеднакво добри...:toe:
Чарлс Гродин, оној од Бетовен со бернардинците или од оној со Де Ниро кога ќе го брка у возот или Џ. Белуши коа ќе избега од затвор и ќе му го украде паричникот/идентитетот...оној увек (з)дрвен тип (кој и покрај тоа никад не ми бил антипатичен :)), очекував таков да биде и тука...како ме заеба само :D, си го извозе филмов на грб и се чудам каде му исчезна енергичноста што ја покажува тука :toe:...?
Колку моќен крај има филмов, останува со тебе и откако ќе заврши...
Плус Сибил Шепард на млади години :love:.
2 номинации за Оскар имал, сега видов, 3 за Глобус.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Once Upon a Time in the West - Charles Bronson, Henry Fonda, Claudia Cardinale
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.559
Поени од реакции
2.524
^А како се овие 2 филма заборавени/непознати ? :)

Иначе -
Vanishing Point (1971)
Егзистенцијално роуд филмче.

The Ghost and the Darkness (1996)
Авантура, според вистински настан за лавови сериски убијци:D ...е сеа и ја си викав досадно звучи шо да го глеам... па филмов искочи толку интересен од почеток до крај те вовлекува од самиот почеток, атмосферата/тензијата/музиката/афричките пејзажи...
Интересно е што режисеров глеам пљука по филмов зашто Мајкл Даглас како продуцент му се има мешано до таа мера што на крајот земал си го измонтирал он филмов како што сакал....ама пак и покрај некои очигледни дупки поради тоа филмов е доста добар, на ИМДБ не му лупаат џабе 10ки у рецензиине.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom