Стари, добри, и заборавени...

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.334
Поени од реакции
57.902
Ајде да освежиме со една нова тема. Ја нареков Стари, добри, и заборавени... Да пишеме, да предложиме, да се потсетиме на некои стари добри филмови. Да направиме колекција од нешто што е поретко а заслужува да се види. Сигурно едни со други ќе се потсетиме на некои филмови кои некогаш сме ги гледале а сме ги заборавиле.

1. Ставам граница кај 1990 година, значи филмовите да бидат постари од тоа (80-ти, 70-ти, 60-ти...)
2. Темата не е за филмови кои генерално сите ги знаеме, како: Кум, Добар, грд и лош, Беше еднаш во Америка, Терминатор итн... Темава е за филмови кои не биле огромни хитови или барем овде кај нас не важат за такви. Она што јас го викам: „Мали филмови“. Ако во нив има познати глумци, нека биде нешто поретко од нив, некој помалку познат а добар филм.
3. Не мора рецензии, но пишете некој збор што и како ви оставило впечаток во тој филм...

Еве на кои филмови помислив, па ми текна да ја отворам темава:

The Outsiders (1983)
Филм со еден куп познати глумци, а тогаш дечишта кои никој не ги познавал: Мат Дилон, Патрик Свејзи, Томас Хауел, Емилио Естевез, Дајан Лејн, па дури во една кратка сцена ќе го препознаете и Том Круз како дечиште. Филмот е класика, го препорачувам.

Streets of Fire (1984)
Малку од атмосферата во 80-тите, добра музика и улични банди :) Видеотеките (знаете што е тоа? :) ) беа преполни со вакви филмови.​
Филм за една рок ѕвезда, Еди Вилсон, кој го губи животот во сообраќајка, но една новинарка се обидува да ископа приказна дека Еди е жив и само ја лажирал смртта. Има два дела од филмот, вториот ми се допадна повеќе од првиот.​
Ал Пачино сними големи филмови, како Кум и Скарфејс, и да не набројувам... по кои сите ќе го паметат, но еден „мал филм“ се подзаборави. Dog Day Afternoon, филм за Сони Вортцик, човек кој се обидува да ограби банка за да им помогне на другите, за мене бил и ќе остане мал мастерпис.​
Ете доста се за почеток. 80-тите ми се посебно интересни затоа што имаше еден тон нискобуџетни филмови кои влегуваат во она што се вика "Guilty pleasure", или "So bad it is good". Но ретко успевам самоиницијативно да се сетам на нив, ми текнува само кога случајно ќе налетам на насловот и слично... Се надевам ќе ми ја освежите меморијата :)
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
ОК знам дека не е анонимен знам дека е поприлично познат ама вреде да се спомне како одличен филм за човечноста и за тоа дека не треба да судеме според амбалажата....Sorry .....interista....

 
P

PewDiePie

Гостин
Мислам дека нема човек што ко копиљ не го изгледал филмов,а посебно оваа сцена останува во сеќавање.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.402
Поени од реакции
6.022
Quadrophenia
Лондон 1965 ,во времето кога групата the who ги бележи најдобрите денов,филмов е околу нивните фанови ...пред се околу џими хупер,лице кое ја мрази својата работа,родителите,политиката....
 

penkaloto

......
Член од
17 април 2010
Мислења
412
Поени од реакции
269
Охо-хо уште една супер тема, да ни се множат:) Еве што предлагам! За оние кои можда немаат ништо изгледано од Роберт Алтман, еве некои филмчиња од тоа време:The Long Goodbye,Images,Thieves Like Us,McCabe & Mrs. Miller.Неговите филмови не заработувале многу и биле засенети од тогашните блокбастери, но и во денешно време се сеуште гледани и се предмет на долги дебатирања.
Режисерот на Heat, The Insider,Collateral, Michael Mann има направено страшно добар филм кој го пронајдов случајно и не ми се веруваше дека е толку засенет и непознат:Thief
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.504
Поени од реакции
33.662
One Flew Over a Cuckoo's Nest (1975)

Стар, добар и заборавен филм. Ќе го игнорирам воведниот пост. :P

Знам знам, има добивано награди и се тоа, ама не е популарен многу. А феноменална драма е.
Малце вон правилата е, ама нека стои. Како предлог за новите млади дечки/филмофили/филмомани. Да изгледат нешто квалитетно.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.334
Поени од реакции
57.902
Ако, само да не се затера со познати филмови, има и други теми каде што можат да се спомнат. :)
И би ве замолил кога ставате клипови од youtube или да се гледаат на форумов, или ако не, барем да пишува од кој филм е клипот. Ова за сите теми, како молба :)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Old Yeller(1957)
Одлично филмче, драма, за сите оние кои обожаваат животни ова е филм што мора да се види.
(клипчево е за потсетување, не за оние што би сакале да го гледаат)

п.с. Извини иосоно, знам дека прекршив критериум да е до 60тите :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.334
Поени од реакции
57.902
Најдобриот „мал“ S.F. филм што сум го гледал. Мајка на многу S.F. филмови и серии:
The Last Starfighter (1984)
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.086
Boeing Boeing Филмов е живи комедии, инаку главни улоги Тони Кертис и Џери Луис. Доколку имате можност гледајте ја и претставата "Стјуардеси" која што претставува балканска адаптација на оригиналното сценарио на Марк Камолети по кое е направен и филмот, се сеќавам дека стомак ме забооле од смеење.
The Odd Couple Доста добра комедија/драма, инаку филм со мојот омилен глумец Џек Лемон, како и Волтер Метау кој може го памтите по тоа што го глумеше стариот у Денис да Менис.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Love and Death (1975)


Одамна не го дале филмов на Тв, навистина е смешен и вреди да се погледне. Не го почитував Вуди до моментот кога го гледав овој филм кој е негово целосно дело.
 
Член од
8 април 2010
Мислења
1.182
Поени од реакции
281
Boeing Boeing Филмов е живи комедии, инаку главни улоги Тони Кертис и Џери Луис. Доколку имате можност гледајте ја и претставата "Стјуардеси" која што претставува балканска адаптација на оригиналното сценарио на Марк Камолети по кое е направен и филмот, се сеќавам дека стомак ме забооле од смеење.
The Odd Couple Доста добра комедија/драма, инаку филм со мојот омилен глумец Џек Лемон, како и Волтер Метау кој може го памтите по тоа што го глумеше стариот у Денис да Менис.
Кој тандем се двајцата . И во вистинскиот живот биле многу добри пријатели . Едни од мојте омилени глумци.
Он топик:

The Breakfast Club Група ученици, сите со различни карактери , сите казнети во саботата да седат на училиште. Најголем впечаток ми остави директорот . Го сметам за еден од најголемите негативци во филмовите заедно со сестра Гречен во Еден лет над кукавичкото гнездо
 
G

grande-juve

Гостин
Love and Death (1975)


Одамна не го дале филмов на Тв, навистина е смешен и вреди да се погледне. Не го почитував Вуди до моментот кога го гледав овој филм кој е негово целосно дело.
Еве ми го омилениот дел од филмов

Ај и ја да кажам неколку филма.
Do_The_Right_Thing, филм на Спајк Ли, одлична драма, темата е за меѓурасна тензија, а кога го гледав, некако многу ме потсетуваше на нашава ситуација во Македонија.
Der_Himmel_Uber_Berlin, на Вим Вендерс, исто многу јака драма за тоа како треба да ги цениме и да уживаме во сите работи што може да ги почуствуваме, а ни изгледаат како обични.
Paris,_Texas, уште една прекрасна драма на Вим Вендерс.
Blood_Simple., првиот филм на браќата Коен, и прво па машко, одличен трилер, и
Being_There, прекрасен филм со инзворедниот Питер Селерс, кој во филмот е Ченс, несоцијализиран градинар кој цел живот го одржува дворот во имотот кој никогаш не го напуштил, а кога сопственикот на имотот ќе умре, Ченс ќе мора да почне нов живот. Инаку филмов е комедија, драма.
 

penkaloto

......
Член од
17 април 2010
Мислења
412
Поени од реакции
269
^ Како само мене не ми текна на овие филмови?:) Одлична листа гранде јуве, секој филмофил мора да ги изгледа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom