Ајде и мој мал осврт на последните коментари поврзани со засилувањата и мојот омилен играч О`Ши....
Во врска со Димитар Бербатов....
Мислам дека е солиден играч кој би претставувал соодветно засилување во секоја смисла на зборот...бидејќи е играч кој искрено кажано ,покрај склониот на повреди Саха - многу ни недостасуваше во минатата сезона...и ни треба поради својата добра релизација и пред се корпулентност...
Јас искрено немам добри спомени от бугаров...пошто уште се случвит да се разбудам навечер и да се присеќам на тоа како не реши пред некоја година во полуфиналето од лига на шампиони кога ни закаче гол во полуфиналето...(шокккк добив)
Ама јебига еве сеа се сврте ситуацијата и големи се шансите да заига за нас...
Не ми се допаѓа што е бугарин,ама барем позитивна работа е што е балканец...добро знаеме какви се играчите од балканот-бескомпромисни и најпожртвувани за тимот...ако не друго барем нема да биде балерина или “робијаш“ ко португалецот....
За Хунтелар... - Е овој веќе беше мој прв фаворит за трансфер....да ви кажам искрено многу сакам да пристигне како заслување...незнам дали уште има влијание тоа што навистина посебно го ценев Руд,па можеби и затоа симпатиите кон играта на Хунтелар (како играч сличен на Руд) ми се големи...Ама многу битен елемент од неговиот трансфер е тоа што за него напредок во кариерата нема да биде седење на клупа, а сега за сега не можиме баш да му понудиме прва постава....но ако ферги планира почесто да ротира во нападот, и ако Роналдо направи трансфер од Јунајтед...мислам дека Хутер е добра и реална опција...(пошто би можел да се смени малце системот,па Руни или Тевез би играле поповлечено)
Во Врска со ЈОHN “Тhe Great О`Shea“.....
НЕЗНАМ КОЈ САМО НАПИША нешто против него!!!!!!
Само за илустрација...на неговите голови против Арсенал (со лоб удар)...или на тие против Нигерпоол во 90 мин. .....сум се соблекувал и сум трчал низ цела улица урлајки ко несалам...што заедно со голот на Форлан(против Челзи ,во купот,во 93мин. ,за победа 2-1,пред 4-5год.).... можеби ми имаат предизвикано најголеми чуства на еуфорија и исполентост со страст за пакост!!!
Така да НЕ ГО ЧЕПКАЈТЕ О`ШИ......тој е играчот кој иако нема некој преголем талент (тенеќе е,ич не го биват за нешто конкретно)... игра со целото свое срце...со целата своја душа за јунјајтед...човекот кој кажува дека кога игра за Јунајтед игра како негов начивач а не како играч кој заработува...О`Ши е човекот за кој Рој Кин изјави дека единствено тој може да ја пренесува својата харизма на љубов и посветеност не еден клуб ,како што тоа тој го правел...