Живеам во куќа, а понекогаш престојувам и во стан, иако и двете си имаат свои предности, поубаво ми е во куќа. На лето во куќа, дрвцата држат сенка, со цревото по цел ден, во трева, милина, додека во стан мислам дека би полудела само со климата. Не можам летно време во стан, сафра ме фаќа.
Додека во зима е подобро фактот што имаш помали трошоци во врска со греењето, од сите страни има станови што греат и не бега топлината. Плус, ти доаѓа да се самоубиеш кога ќе видиш дека за да ја исчистиш комплетно една куќа ти треба еден ден минимум, а за станот многу помалку.