Ова се зависи,на пример куќата е мала(да биде мала),живееш на место каде пред тебе има улица со секакви коли(и бучава од нив),у близина има куќи,ама со стари луѓе со кои не би се дружел...или пак куќата е онака доволно голема,ете да кажеме средна,ко повеќето луѓе што имат,околу тебе многу блиски другари,а кај што живееш,пред тебе има една долга уличка кај што ретко поминуваат коли,и каде секојдневно се собирате,па идете до продавницата 200 метри подолу каде продаваат топли кифли секој ден. За станот пак,дали е стан во кој има само една мала дневна,и една спална у која цело семејство живеете,дали у зградата има луѓе кои се на возраст колку-толку блиску до тебе,и повторно какво е местото пред зградата. Јас во Скопје кога живеев,живеев у зграда,у зградата имав едно 6-7 другари на моја возраст,а у околните зградите имав уште 50тина ко мене(спроти јбт зградите живеев =) ),секоја вечер игравме,коли не идеа,до нас имаше продавници да седнеме да јадеме нешто,центарот на 250 метри од нас,а родителите од горе ќе ни викнат и сите се прибиравме,становите во зградите беа средни,убаво распоредени и прекрасни за живеење,значи ми беше топ таму. Е сега сум у гевгелија,се наоѓам у голема куќа со двор(не е мал,не е ни којзнае колку голем),ама излегувам,има тротоар и улица на која секоја 2 секунда излегуваат 5 коли,у соседството најблизу до возраст ми е девојче 7 години помало од мене(значи сега има она 8 години,а јас полнам 15),а поголеми луѓе си има,онака од 20 нагоре
Значи многу лошо место за живеење,така да стан или куќа ми е се исто,нормално доколку станот е средно голем,и куќата е исто средно голема,се зависи од што има надвор од станот/куќата. И ќе заборавев....градот
Значи да би бирал помеѓу моите куќа и стан,би живеел во станот,во скопје....ама ете тука сум во гевгелија во куќа(која скоро сите гледам ја одбирате),а сепак не гледма ништо лошо во живеењето у стан