Уф, од каде да почнам, терсене работава....
Баба Меца обожава такви инвеститори како тебе, твојот газ ќе и’ биде посладок и од медот, траст ме
Те молам кажи ми дека од целиот текст на линкот (што инаку не е воопшто стручен), не замина со лекцијата да купуваш ефтини детергенти и влажни марамчиња, за да се заштитиш од инфлација. Чисто колку да знам дека не си го губам времето.
Вака сега, покрај станот/куќата/имотот што го купуваш, дали знаеш што друго исто така купуваш? Што е тоа, за кое потпишуваш “ова е мое”, ако умрам ил загинам не го давам никому, за век и векови амин! Бидејќи во суштина и да умреш ил загинеш, и понатаму ќе биде твое

Дали знаеш?
Купуваш, бате, обврски, таа “T” сметката има на една страна имот, а на другата обврски: сметки, даноци, поправки, 300 тракатанци, а од кои најголемата – каматата на кредитот. Кога купуваш стан и се задолжуваш, во исто време купуваш и кредит. Буквално го купуваш кредитот, а не го земаш, или подигаш, замисли го како производ. И во арно и во лошо -- твој е!
Веќе еднаш напишав, за да си во предност (добивка), потребно е каматната стапка на кредитот да ти биде пониска од стапката на инфлација, ама или не читаш, или не дочитуваш, или не разбираш, или си прле пред магаре (ова колку да ме замислиш јас колкаво магаре сум lol).
Ама ај, еве и со бројки, ако веќе си решил да требеш ориз...
Да го земам твојот пример: викаш си вложил 10к, си дигнал кредит 90к, со тие две заедно си купил стан 100к, пораснал за една година 5%, односно 5к. Твојот поврат на инвестицијата е 5к на 10к, што ќе рече имаш 50% поврат, тоа се твои зборови, така? До тука се слагаме? Супер.
Ај сега малку да се повозиме на ролеркостер, пошто ти изгледа само до првиот врв си се возел, уште се смешкаш, и не знаш што те чека “иза чошка”
Да го разглобиме прво кредитот од 90к, може? Колку се моменталните каматни стапки? Од тоа што набрзина разгледав по големите банки, отприлике се околу 3,5% фиксирани за првите 10 години. Има и малку пониски стапки, ама тие се ако земеш опција каматата да е фиксна за првите 3-5 години. Јас намерно земам 10 год да се минимизира каматниот ризикот. Земам 30год на отплата, макар и да земам 20 или 25 нема многу да промени.
Каматата што треба да ја платиш на чичко Банкар (чиста камата, без главница) за првите 10год додека е фиксна изнесува 28к, што ќе рече отприлике $2800 годишно.
Понатаму, и да врне и да вее и бура да коси, инфлацијата не спие, затоа си решил да се заборчиш до гркљан, нели? Еве, да земеме инфлација од 1,5% конзервативно (да ја бапнеме со конзерва по глава нема да е толку, ама нејсе). Што ќе рече: тие првично инвестирани 100к, изгубиле 1,5% од вредноста, односно $1500.
Понатаму, имаш данок, пукнала цевка, паркетот наткренал, жена ти не ги сака плoчките у купатило не биле у мода, се расипала климата, деца играле ја собрале рамката од вратата, држ не дал, колку ќе биде годишно за одржување, може $300 да кажеме (пак мавам со конзерви

)
Да заклучиме: значи, од тие твоите ЦЕЛИ $5000 добивка, $2800 ти земал на Лила швалерот, $1500 Џером од Америка, $100 Столе од даночно, $200 одржување ..... и останале колку?? Или накратко: мижи Маро тулумби паѓаат
Ама почекајте, тоа не е се'!
Во ратата што ја плаќаш, дел враќаш и во главница, првата година околу 2к, кои сакал/нејќел веќе ти се силом прилике инвестирани во станот, што ќе рече сега твојата инвестиција не е повеќе 10к, туку се зголемила на 12к. А следната година мање/више имаш приближно иста сметка, ама на поголем инвестиран износ. И како беше сега, се збунив, расте приносот или опаѓа??
Ама почекајте, тоа не е се'!
Чудото на оваа наопаЌка пирамида е дека секоја година имотот ќе расте за 5%.
А замисли некоја година или години, да не расте воошто, а ти имаш фиксни трошоци, плус инфлација ...... упс!
Ама почекајте, тоа не е се'!
А валутниот ризик, тебе рата во евра, а плата во денари .... упс!
Просто кажано, расте 5% годишно, од кој трошоците ти се 3,5% камата и 1,5% инфлација, од старт си на нула и тоа во најдобра варијанта. Една колешка имаше земено стан за 1250евра во 2005год, до пред пандемијата плачеше колку ич не се кренале цените, дека џабе плаќала кредит и имала само трошоци, за после пандемијата да здивне, кутрата, се радува дека направила профит конечно, а како да се објасни дека за 20 години растот на нејзиниот стан е 4% годишно, без да ги земе во предвид сите трошоци за овие последни 20 год, плус камата, плус инфлација ... батали.
Дали се прават пари од real estate?? Апсолутно се прават, и тоа многу пари. Како? Или ќе го погодиш тајмингот токму пред пазарот екстремно да почне да расте и да направиш брз влез/излез за неколку години (среќлии), или правиш профит од издавање (ги фиксираш трошоците, а воедно имаш приходи што растат побрзо од инфлацијата). И двете варијанти кај нас се невозможни.
Иначе, да ти кажам фала што ме подмлади и ме врати назад во времето. Признавам дека просто/напросто уживам кога ќе видам некој што за прв пат открива што е leverage, како бебе кога си ги открива прстите, и така величествено го опишува тоа чудо, а потоа и скришум, со шепкање, ми објаснува под кое камче се крие дијамантот