Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.238
- Поени од реакции
- 36.515
Па не се продаваат кога цените се повисоки од земји каде стандардот е 10 пати повисок. Не дека не сакаат да имаат сите барем 70м2, ама за таа квадратура ќе им требаат од 80+ илјади евра кои во вукојебинава нема да ги заработат во 2 животи.Сопругот е градежник, има фирма за изградба на станови и пошто периодов е нон стоп дома работи од дома, можам да речам колку толку се упатив во ова чудо. Од досега што сум видела планови, тоа е добри 75% вакви станови и евентуално со 1 спална, кога го прашав зошто ми рече зошто големи станови не се продаваат, мали одат одма. За да живеат во центар се пикаат во 45 м2 со 1 спална и од терасата сакаат да извадат уште една спална во иднина и во многу ситуации фамилии со по 2 деца живеат во такви станови.
Еве во Дајмонд (Лимак што го гради кај Рамстор) цените почнуваа од 1400+ евра уште во фаза на изградба, се што е поарно гарантирам ќе биде и над 2000. Во Аеродром новите згради што се градат исто уште во градење слушам ги шиткаат по 1100-1200, после тоа има и повисоки суми од 1300.