Нема шанси да влезеш во државно здравство ако не си вемероу, не можеш на клинички центар каде што тек тук се бара по некој квалитет не па во помали градови. И поготово на хируршките оддели. Не велам дека меѓу такви ликови нема квалитетен кадар меѓутоа процентуално тоа е малку. Затоа секој ден ќе читаме по некоја ваква случка
[DOUBLEPOST=1461176018][/DOUBLEPOST]
@Bodhidharma Пријател те сфаќам што сакаш да кажеш и во право си. Ексцентрикот од доктор (а сите квалитетни се такви кога ќе сумираш) може ќе се однесува чудно ама нема да прави ништо со што би ги нарушил етичките норми на професијата или пак ќе ги доведе до опасност пациентите во клиниката.
Операционата сала треба да е стерилно место до коска, не мобилни внатре, ножици ставени на престилка, влагање по папучи таму и не знам што
Исто така и по ходници и по соби не треба свашта да се пушта затоа што има и пациенти со руиниран имунитет дали ради терапија дали ради закрепнување и најмала бактерија може да го бутне во ковчег.
Ама далеку сме ние од вакви работи, како луѓе прво немаме граница што е морално а што не, не па како треба да се однесува некој што се фатил со медицината. На ова да го додадеме фактот дека нашиве клиники кубурат со материјали и можно е да чекаш материјал за пломба со месеци, камоли за посложен зафат. За мене ова е најпосебната наука што постои и треба да се бавиш со тоа само си зрела и карактерно посебна индивидуа а не со непрележани детски болести од типот на селфиња во операциона.