Претседателот Ѓорге Иванов одбил да присуствува на приемот што за високите гости кои присуствуваа на погребот на српскиот патријарх Павле го организирал шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ.
Иванов бил револтиран од изјавата на Јеремиќ со која Србија застана на страната на Грција во спорот за името со Македонија.
Србија има разбирање за ставот на Грција по прашањето за името на државата чиј главен град е Скопје, имајќи предвид дека тоа е многу деликатно прашање, изјавил Јеремиќ по средбата со грчкиот заменик министер за надворешни Димитрис Друцас во Белград, нагласувајќи дека грчкиот став бил разумен, урамнотежен и рационален.
Претседателот Иванов е разочаран од ваквата позиција на Белград, која секако не придонесува за натамошно градење на добрососедски односи меѓу двете земји.
Револтот бил толку поголем поради совпаѓањето на присуството на Иванов на погребот на патријархот Павле на кој присуствувал на иницијатива на неговиот српски колега Тадиќ.
Иванов вечерва ќе има средба со Тадиќ и сосема е извесно дека двајцата претседатели ќе разменат мислења за изјавата на Јеремиќ.
Требаше воопшто ни да заминат таму