mirkec
Неостварена желба
- Член од
- 26 јуни 2007
- Мислења
- 502
- Поени од реакции
- 3
Сепак мислам дека 90 % од нас се нашле во таква ситуација (макар помислиле), ама не сакаат да си ја признаат сега. Во ред е тоа.
Еве јас на пример, имав една таква ситуација кога бев на едно 9-10 години - памтам. Се враќавме со мајка ми од град и почна да дува еден ветер со дожд. Таа имаше еден шал и го обвитка околу главата. Поминуваа мои другарки и другари и не знам зошто јас бев се засрамив. И реков да го симне и ме послуша (родител сепак го слуша детето за такви работи). После тоа, мајка ми доби тепература и се разболе.
Толку ми падна криво, што следниот месец сите пари што ми ги даваа за доручек за во школо ги збирав (не доручкував) и и купив еден многу убав шал и и реков дека со него ќе изгледа прекрасно. Толку беше доблесна да само се насмеа и рече дека ме сака многу и дека е во ред. Никогаш повеќе не ми падна на памет да помислам на такво нешто и Ви велам луге :
НИКОГАШ НЕ СЕ СРАМЕТЕ ОД СВОИТЕ РОДИТЕЛИ - бидејќи истото може да Ви се случи Вам.
Родителот е нешто најсвето на светот што постои.