Порано се срамев од тоа што мајка ми и беше повредена едната нога,и мораше да оди со бастум,ама со време сватив дека тоа се глупости.
Инаку,да се согласам со Girll,татко ми,понекогаш кога многу ке се испокараме,а може да стаса и до тепачка,не го сметам за родител,и отворено му кажуам да си најде друго дете,ама после една недела ке седнеме и ке се исплачеме двајцата,и се сметаме за татко и син се до следната тепачка.
Со мајка ми ми се нема случено горенаведеново.
Вака.. Имам пишано на темава, но ќе се надоврзам.. Баш за тоа за татко ми што пишав.. Би рекла.. Ќе се подотворам..
Кога бев мала за сите празници, а некогаш и така од мерак да речеме, сакав да им правам честитки на мајка ми и татко ми.. Се мачев сама да нацртам нешто, да залепам, барав и помош понекогаш од баба ми и да напишам нешто.. Зборам кога бев 4-5 години.. Ги правев со многу љубов и внимание тие честитки.. Кога и ги давав на мајка ми со огромно внимание ги гледаше.. Си ги чуваше на посебно место, а знаеше и да заплаче од среќа, да ме гушне и да ми повторува дека сум и се во животот.. Тоа ми значеше многу.. Се радував искрено и ми даваше мотив што повеќе да правам за неа, знаев дека го цени мојот труд и дека ме разбира. Затоа пак кога му ги давав на татко ми обично добивав коментар - Остај ме гледам телевизија.. Или ќе ми речеше фала и после во тоа што сум го направила ке го истуреше ѓубрето од пепељарата и ќе ме пратеше да го фрлам во канта тоа.. Бев дете ама ме болеше тоа.. Многу.. Прекинав да правам за него честитки.. Кога сакав ептен за роденден или за Нова Година да му направам не беа повеќе направени со мерак, со внимание.. Знаев дека сепак ке завршат во канта за ѓубре без да бидат ни погледнати.. Можеби е навидум ситна работа, но кажува многу..
Се разведоа мојте.. Никој не бара од него да мисли на мајка ми, они не се повеќе заедно, но сепак има ќерка нели.. Станот во кој живее е на мајка ми, он сепак најде маана за да почнат судски спор.. Не сака да го даде ни судски.. Буквално го зема од ќерка си за да немора он да плаќа плус за кирии и глупости.. Не го свакав тоа на почетокот.. Немав ни 10 години.. Сега сватив дека се правел секогаш за себе.. Тоа што треба да плаќа за мене не му го бара мајка ми.. Не и треба.. Он не бара само кога му треба нешто, без разлика дали се тоа пари или нешто друго.. И пак сака да го сакам и почитувам.. А нема основа за тоа и не би требало да има образ.. Ете зашто НЕ ГО СМЕТАМ ЗА РОДИТЕЛ.. Ова е родител што ни оној срам не го заслужува.. Премногу му е.. Неможам да сакам некој што не ме сака.. Боли да се нема љубов што би требало да се заслужи со самото раѓање..
Дечки верувам дека сите имате кавги дома и се.. Ама сепак сакајте ги родителите затоа што они и кога викаат тоа го прават за вас.. Зошто ве сакаат и мислат на вашето добро..
И јас имам понекогаш караници со мајка ми не велам не.. Ама затоа на сите и секогаш им кажувам дека ја сакам НАЈМНОГУ НА ЦЕЛ СВЕТ.. Нема таква мајка.. Не би ја дала за ништо на светот.. Се потруди да ми овозможи се што ми треба и покрај тоа што си го става на конец здравјето со многу работа.. Никогаш не ми фалело ништо и тоа само благодарение на неа..
П.С. Да се надоврзам со делот со честитките што го напишав погоре - Тие што беа наменети за мајка ми.. И ден денес се цели, зачувани и како што би рекла она.. вистинско богатство за неа..
Love ya mum..