Спортски повреди совети, искуства...

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Џоница пливање тренирав 15 години и сите дома ми се лекари, сакаш верувај, сакаш не. Мраз се става на мускули, за да се направи вазоконстрикција, да се смири пулсирањето и да нема отоци потоа. За најдобар ефект се држи 10 мин со 10 мин пауза и така со повторување. На аркада се ставало мраз, на мускул не и уште, сешто..
ОК јас не сум експерт ниту па нешто многу имам читано за вакви работи. А и досега не сум имал некој посебни повреди. Не знаев дека си упатен постручно и нема зошто да не ти верувам ако имаш искуство со вакви работи.
Јас знам само еднаш го истегнав мускулот на задната ложа и еден пријател ми кажа не ставај лед. Затоа повторно прашав.[DOUBLEPOST=1423688911][/DOUBLEPOST]За болка јас ставам

незнам дали го има во Македонија.[DOUBLEPOST=1423689169][/DOUBLEPOST]
Во странство си како што знам. Тркни до аптека и купи си вакви кесички со гел(плав) внатре. Ја ставаш во замрзнувач и по поласаат/саат(зависи од големината на кесичката), ја ставаш на повреденото местото и не се расправаш ни со мраз, ни со замрзнат грашок ни со ништо. Не знам точно како се викаат, сигурно ќе те разберат во аптека што им бараш.
Сакаш да кажеш дека и покрај тоа што има помината повеќе време после повредата треба сеуште да ставам мраз?[DOUBLEPOST=1423689310][/DOUBLEPOST]Може ли да ми кажат оние што имат искуство од вакви повреди, дали е препорачливо да се движите (во вид на мали прошетки или почесто станување и седнување) или е подобро колку што е можно да се мирува? Некој спомна погоре дека подобро е да се мирува па ако може потврда на ова. Мене ми е битно да заздравам побрзо, имаме тренинг во петок аме не верувам до тогаш да се оправам.

Благодарам однапред
 
Последно уредено:
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Имав слична повреда. Цел ден лежев и држев лед додека не стане вода и болките уште од вечерта исчезнаа за да наредниот ден повторно играм кошарка. Претпоставувам дека денес си подобро ако веќе си ставал лед.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Имав слична повреда. Цел ден лежев и држев лед додека не стане вода и болките уште од вечерта исчезнаа за да наредниот ден повторно играм кошарка. Претпоставувам дека денес си подобро ако веќе си ставал лед.
Ставав денес лед, подобро е но мислам дека кошарка нема да можам да играм уште минимум една недела. Искрено на моменти си помислив дека повредата е многу посериозна.[DOUBLEPOST=1423790304][/DOUBLEPOST]Имам уште едно прашање. Една пријателка падна од велосипед пред месец дена отприлика. Покрај друготие поситри повредени имаше огромна модринка на ногата. Тоа и беше од падот директно врз управувачот. Местото и беше стврднато како некоја поголема грудка под кожата. После месец дена модринката ја нема но местото сеуште е стврднато. Знае ли некој за што ср работи?
 
Последно уредено:

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
]Имам уште едно прашање. Една пријателка падна од велосипед пред месец дена отприлика. Покрај друготие поситри повредени имаше огромна модринка на ногата. Тоа и беше од падот директно врз управувачот. Местото и беше стврднато како некоја поголема грудка под кожата. После месец дена модринката ја нема но местото сеуште е стврднато. Знае ли некој за што ср работи?
Директно врз/на коска се наоѓа грутката? Палпапибилното е цврсто или тестесто? Има ли болка?
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Директно врз/на коска се наоѓа грутката? Палпапибилното е цврсто или тестесто? Има ли болка?
Не е на коската. На предниот дел од ногата е едно 20 сантиметри под колкот. Инаку не е тестасто туку како згрудчено. Мислам дека сега нема болки, не е ни моето веќе, но ср познава затоа што местото не е еластично.
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.040
Поени од реакции
948
edno prashanje.
moze Ne e na mesto vo zavisnost od temava no ke mi odgovorete
Dali e zdravo da Se tusiras so ladna voda?
 
Последно уредено од модератор:
Член од
1 декември 2013
Мислења
58
Поени од реакции
21
Здраво
Пред некој ден ја повредив подлактицата во теретаната. При подигање на дворачниот тег наеднаш добив силна болка во пределот на image.jpg Најверојатно е потиснат нерв или превртена жила...Дали знаете како да ја санирам повредата дома, за да не одам кај луге што местат?
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.673
Поени од реакции
7.264
ако не знаеш не дирај треба да имаш осет за тоа ако немаш искуство може поголема беља да направиш
 

The Love Doctor

Необичен љубовен доктор
Член од
11 јануари 2015
Мислења
957
Поени од реакции
1.290
Да не ти се деси повредата во такозваната теретана на стеф-шеф?
 

The Love Doctor

Необичен љубовен доктор
Член од
11 јануари 2015
Мислења
957
Поени од реакции
1.290
Стеф-шеф?????
Еден тип што сеа бргу отвори теретана а појма нема од правилно вежбање и големи се шансите да ти даде погрешни лекции за вежбање со кои што можеш да се повредиш. Замисли, еднаш на еден тип со дискусхернија му велеше дека е добро да дига тегови во исправена положба:eek:
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Знае ли некој колку (од прилика) долго трае регенерација на скинати мускулни влакна?
 
Член од
29 октомври 2015
Мислења
1
Поени од реакции
0
Дечки вчера играв фудбал и при еден дуел многу лошо нагазив со едната нога (скочен зглоб). Сега имам болки во стапалото и мал оток од страната. Дали занете некој број од жена или човек во Скопје што мести такви повреди? фала поздрав.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom