Спектакуларна прослава по повод 20 години од независноста

Статус
Затворена за нови мислења.

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
и еве ја сеа најдобрата забавна песна изминативе 20 години... :vozbud:
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Да бе, изгледаше ко да имаат 100 камери и како да ги менуваа кадрите на секои 2 секунди од една до друга камера, безвезе...:tapp:
...па crossfade на два кадри, за на крај ништо да не видиш
 
A

Alexander Nevsky

Гостин
Ареа,еден од најдобрите бендови на нашите простори.
Мило ми е што колку толку бевме обединети овие денови,дел за тоа се заслужни хероите со баскетот,дел вчерашниот ден.
Ех да беше така секогаш,каде ли ќе бевме сега?
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Поминаа ли Суперхикс или после Ареа се?
П.С кој има слика/видео од Елена веднаш нека става.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
За МТВ што да кажам се потрудиле не дека не. Сепак и од Хеликоптерот во кој имаа камера се гледа дека опремата им е застарена и не е на ниво за вакви манифестации.Позитивен момент секако е вложениот човечки труд и покрај техничките недостатоци. Штета ќе беше добро овој настан да биде поквалитетно документиран.
 

Jimmy

Организатор
Член од
26 мај 2006
Мислења
927
Поени од реакции
312
Се чека првата фотка од Елена...сепак гледајте да поставите квалитетна слика, а не заматена или оддалеку...финтата е да се види тоа што се виде за момент на тв..(y)
 

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
јебига, кој видел... чекам и јас да стави некој видео :)
еве аматерска снимка со ниско буџетен мобилен телефон снимено од мене (бонус и коментари во позадина од Ја :icon_mrgr:) но колку толку може да долови момент додека не се најде поквалитетна снимка :Р
Јас на крај очекував во стил на американскине огномети да распука едно Македонско знаме ама ништо а баш тоа ќе беше многу опасен момент јбг нека остане за друг пат оваа моја идеа :pos:
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
И уште има многу народ БРАВО.
Следува Тоше после Каролина.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.209
Поени од реакции
30.401
Спектакуларно во секој смисол на зборот. Не памтам одамна на овие простори нешто вакво. Секоја минута беше исполнета. Каква еуфорија по народот, какво скандирање на Македонија од страна на сите.
На вакви работи може да се обединиме вистински, а не да го покажуваме нашиот простотилак. Како на пример пензионерите шо ги испогазија цвеќињата за само да стасаат до гардистите. Speaking of гардистите, многу им се секси униформите. Капата е грдичка малце, но офицерската капа плус униформата е хот комбинејшн. Топовите сите не потресоа со силниот татнеж, и потоа ги испративме балончињата нагоре. Од другата страна на топовите, Каролина се издигна на кранот и со таква посветеност ја испее Земјо Моја, и успеа да наежи голем број од толпата. Спојот на балет и традиционален танц на сцената беше прекрасна симбиоза.
И сега иде досадниот дел кога Груевски не издиша. Првите 10 минути беа ок. Се додека не кажа ВТОРО и не исече. Да можевме да предвидиме дека има ОСУМ точки... може и повеќе. Свесен ли беше човеков дека измеша митинг и јубилеј?
45 минути. Зошто не изнамачи толку? ЗОШТО?
Фонтаната е преубава. Огнометот беше за мерак да го гледаш. Но најголем аплауз добија кошаркарите што денес не донесоа во четврт финале.
Навистина ми е мило што се покажавме како добри организатори на вакви големи настани.
 

Jimmy

Организатор
Член од
26 мај 2006
Мислења
927
Поени од реакции
312
ТОШЕ ПРОЕСКИ!!!!
Најтрогателен момент вечерва...
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Еее сератори сератори,со политичките препукувања ако не уништите и една тема која што си нема допирна точка со партии,не сте живи.
Искрено,не ве разбирам,а пробувам да ве разберам.
Барате влакно во јајцето,како и секогаш.
Прославава беше ФЕНОМЕНАЛНА !!
Е ваква прослава за независноста заслужува нашава Македонија...уствари не,заслужува уште повеќе од ова,но толку се силите денеска.
Како и да е,јас сум презадоволен од прославата,од маршот на војниците,па се до песните што се вртеа на плоштад.
Малку Грујо се испосра со говорот,но за среќа не го слушав цел,ме фати склет па отидов да јадам.
Но кога се вратив,што да видам,БИСЕР БАЛКАНСКИ само што започна и едни луѓе,чинам беа од Битола,не сум сигурен,фатија оро да играат пред споменикот на Цар Самуил.
Абе срце ми се наполни од тоа колку беа среќни тие,а и сите околу нив кој што не ги познаваа,а се придружија на орото.
Јас на цел глас почнав да ја пејам можеби најубавата песна посветена на Македонија и ми наидоа солзи во очите од зборовите-ДЕЛЕТЕ ЈА ПАРЧЕТЕ ЈА,ПАК ЌЕ БИДЕ НАША НАЈМИЛА !!
Дефинитивно прославава ќе се раскажува за век и векова.
А и топовите јако грмеа,морам да признаам.
Огнометот одушевувачки.
А фонтаната ?
Немам зборови за фонтаната,колку само моќно изгледа целата фонтана со Александар,фалангата и лавовите од страна.
Соња Тарчуловска за моја среќа не ја слушав,не ни имав намера.
Жал ми е само што не останав уште да ја проследам прославата,нозеве не ме држеа,а имам и скапано друштво,запнаа за јадење и дома и ако не можеш да ги победиш-придружи им се.

Како и да е,прославата беше над моите очекувања,одушевувачка беше.
Мило ми е и што македонскиов народ барем една вечер го видов сплотен како едно,како една голема македонска фамилија и што барем една вечер ги тргнаа на страна партиските препукувања.
Така да биде секој ден,а не само вечерва или за големите македонски празници,бидејќи под едно сонце сите живееме,една мајка имаме,Македонија.

Подоцна ќе поставам и неколку слики направени со телефонот.

Да си жива и здрава Македонијо !!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom