Спектакуларна прослава по повод 20 години од независноста

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443

Петок, 02 Септември 2011 17:19
Сподели
35
Споделете ја веста со Вашите пријатели
Во моментов Декларацијата за независност на Република Македонија се чува во депото на Архивот на Република Македонија.

Декларацијата се чува во папка со оригинални акти од 1991 година, далеку од очите на јавноста.
Овој документ кој говори за најголемиот триумф на независна Македонија, на 8 септември ќе биде сместен на значајно место каде јавноста ќе може да го погледне, а не во некој подрум каде што беше досега, место недостојно за еден ваков важен документ.

На денот кога Македонија прославува 20-годишна независност, од Собранието на Република Македонија, Декларацијата за независност ќе биде предадена на гардата на Македонија, која ќе ја проследи до новиот Музеј на македонската борба за државност и самостојност.

Во чест на предавањето на Декларацијата ќе се одржи свечено дефиле на сите единици на Армијата на РМ и на Министерството за внатрешни работи придружувани од Воениот оркестар.

Гардата, носејќи ја Декларацијата ќе помине низ Порта Македонија и симболично ќе зачекори низ слободната иднина на нашата земја.

На патот кон Музејот на македонската борба, свечената поворка со Декларацијата ќе помине и низ централниот плоштад, каде ќе има актери во костими од периодот на кои им припаѓаат историските личности претставени преку спомениците на плоштадот. Декларација ќе ја поздрават и 150 членови на културно-уметничките друштва од сите етнички заедници и околу 500 деца.

Откако Декларацијата за независност на Македонија ќе биде сместена во новиот Музеј на македонската борба за државност и самостојност, сите граѓани и посетители ќе можат да сведочат на овој документ со кој Македонија стана независна и остана горда.

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/41106-Kade-se-cuva-Deklaracijata-za-nezavisnost-na-Makedonija
Добро е да се види каде е и како се чува документот кој е предмет на дебатата околу славењето.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
827
Поени од реакции
101
сега видов на телевизија дека ке имало бојкотирање на прославата, па срамота е тоа што го прават, дали така правеа опозицијата во Америка, Франција и др. кога се прославува независност. Независност е на сите грагани на државата а тие ке бојкотирале. и нормално е да збори претседател, премиер на државата а не тоа ке било увеличување и слични глупости. ама тоа во државава има различни луѓе.......
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891

Ја ако кажам што мислам за болдираново,Ацид па ќе ме банира,така да ќе си ќутам иако ми стои кнедла у грлово
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Ја ако кажам што мислам за болдираново,Ацид па ќе ме банира,така да ќе си ќутам иако ми стои кнедла у грлово
И јас многу работи би кажал за постот, ама многу слобода на изразување има на форумов (sarcasm)... па се думам дали вреди да те банираат или човек да си поќутува?!
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
И јас многу работи би кажал за постот, ама многу слобода на изразување има на форумов (sarcasm)... па се думам дали вреди да те банираат или човек да си поќутува?!
Па ја почнав да се осеќам ко 48 година.. кога прашувале ти бе за Тито ли си или Сталин :D Исто и ја сега..ако кажам едно да не е погрешно..а ако го кажам другото и тоа може да е погрешно .па си ќутам
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
238
Поени од реакции
306
Според мене прославата е единствено за пуфкање на целиот проект 2014, во стил видете шо лепота создадоа Грујо и компанија, сега има кај да се сликаат туристите и дијаспората. А и која независност јас славиме? што сме направиле без некој од западот да ни удри чврга и да ни заповеда ова вака ќе го направите? Сра*е во боја...
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.402
Поени од реакции
16.632
Според мене прославата е единствено за пуфкање на целиот проект 2014, во стил видете шо лепота создадоа Грујо и компанија, сега има кај да се сликаат туристите и дијаспората. А и која независност јас славиме? што сме направиле без некој од западот да ни удри чврга и да ни заповеда ова вака ќе го направите? Сра*е во боја...
Бог да се чува и брани :tapp:
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Според мене прославата е единствено за пуфкање на целиот проект 2014, во стил видете шо лепота создадоа Грујо и компанија, сега има кај да се сликаат туристите и дијаспората. А и која независност јас славиме? што сме направиле без некој од западот да ни удри чврга и да ни заповеда ова вака ќе го направите? Сра*е во боја...
Samo da prasam. Postot citat na preskonferencija e ili tvoe licno delo?
 
Член од
13 август 2008
Мислења
827
Поени од реакции
101
Според мене прославата е единствено за пуфкање на целиот проект 2014, во стил видете шо лепота создадоа Грујо и компанија, сега има кај да се сликаат туристите и дијаспората. А и која независност јас славиме? што сме направиле без некој од западот да ни удри чврга и да ни заповеда ова вака ќе го направите? Сра*е во боја...
па добро за опозицијата во Македонија се што е направено не чини.
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
238
Поени од реакции
306
па добро за опозицијата во Македонија се што е направено не чини.
Не сум ни позиција ни опозиција, сите ми се одвратни безрбетници, освен малкубројни ликови. Не велам дека тотално се што направија не чини, но конкретно „направеното“ на плоштад и низ Скопје е нешто толку непотребно и некорисно што нема зборови да доопишам. Еден споменик ќе беше ПРЕдоволен. Попромашена милионска сума немам видено, зошто не им направија домови на раселените лица и уште не им признаваат никакви права, зошто не обезбедија со закон доживотни солидни пензии за децата на убиените херои туку им ги амнестираа убијците, зошто не финансираат програма за успешна еманципација на децата без родители, зошто не отворат и финансираат центри за заштита и помош на жртвите на семејно насилство (конкретно жени и деца) каде безбедноста и понатамошната помош ќе бидат загарантирани, зошто не вложат во старските домови за да не бидат како кочина каде возрасните се носат за умирање и во соодветен кадар, зошто не нудат поволности за семејства да посвојуваат деца туку само ајде раѓајте 3то 4то а услови никаде туку само казни и даноци....зошто зошто зошто, премногу се, а прославата само уште едно трошење државни пари
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Мое. Ако мислиш да ме отераш УПМ заради мислењето be my guest, нема да ме тангира. ;) А ако не, занемари ја втората реченица :)
Не таман работа секој си има право на одлука. Туку ептен се поклопи твојот став со оној искажан на една пресконференција, може е случајност не викам не.
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
238
Поени од реакции
306
Држава, Македонија денес постои по наша заслуга.
Не, денес постои ПЈРМ каде точно заради многубројните чврги од западот, поголемите (да не речам сите)права, макар што натаму одат работите, ги имаат Албанците а после нив сите останати малцинства, макар да биле 1000-2000 во цела држава, тие права имале и морало еднакво да бидат застапени, па на последно место место се македончињата
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom