Социјални мрежи и нивното влијание во реалниот живот

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.627
Поени од реакции
14.403
Инспириран од едно клипче кое се врти веќе 10 дена. Мора да се изгледа да се сфати суштината. Што се добиваме и што се губиме со зјапањето во екраните од мобилен/лаптоп/таблет...

Мислам дека највеќе погоди делот кога зјапаше во мобилниот и девојката си пројде, изгуби се што можеше да го има со неа. Лично, сметам дека сум на пола - живеев во време кога ретко кого имаше компјутер или интернет и сега кога скоро секој има. Ми смета кога сум во кафуле и сите дремат на мобилен, но од друга страна кога јас имам некоја работа или сум си пишувал со некоја што ми се допаѓа го правам истото. Се си има свои предности и маани, целта е да се балансира.

You win some, you lose some...

Последно уредено:

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Многу е добро клипчето, а жалосно е што колку и да критикуваме и знаеме дека се во него е тотално точно, самите не сме имуни на истото.
Виртуелен живот, виртуелни насмевки и среќа, а само пустош и празнина останува во реалниот живот.
Целата комуникација меѓу луѓето е префрлена на социјалните мрежи.
Комплетен песимист сум дека нешто од ова ќе се смени.
Многу ме натажи видеово, искрено....

Generation of idiots.

Најголема вистина.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ne mi e za ovde temava momci..

A ti se isklucuvas od generacijava? :)
Не.
Идиоти не се подразбира под глупави луѓе, без интелигенција, барем јас не го разбирам така.
Ако ми го прочиташе постот убаво, ќе видеше дека пишав и дека и самите не сме имуни, што значи и јас сум во таа група.
Генерација на идиоти, кукавици кои споделуваат насмевки и слики од среќа, кои постираат песни кои можеби не ги ни слушаат за да се направат кул, филмови кои не ги гледале, ниту пак книги кои ги прочитале. Бакнежи на социјални мрежи и слики од среќни парови, кои моментот по кој ја ставаат сликата, заќутуваат во кафиќ и не ни разговараат меѓу себе, туку буљаат во телефоните.
Генерации на идиоти кои немаат храброст за ништо. Генерации кои се тотално изгубени. Генерации кои заради социјалните мрежи се повеќе се замараат за другите луѓе.
И јас сум дел од генерацијата. И тврдам дека сите се.
Сите викаат дека не се замараат со Фејсбук, а колку и ретко да го користат, сепак ставаат слики и песни и филмови и праќаат пораки.
Сите сме фатени во мрежата, разликата е само во степенот на заплетканост.
Јас немам проблем сама да се критикувам, кога има потреба за тоа.
Затоа и многу ме погоди клипчето од погоре, затоа што сум комплетно свесна и дека самата сум дел од проблемот.
 
D

Dynamo

Гостин
Вака сега јас прв пат направив фејсбук кога бев 7-мо,пред 5 години,потоа во 8-мо го избришав и немав направено се до пред 5-6 месеци.Без социјални мрежи можам да кажам дека ми беше по добро,не морав да ги гледам сите тие слики,статуси..сите ставаат слики од коли,мотори,јадења..но во реалност ни пола немаат од тоа.И те како може да влијаат врз тебе социјалните мрежи.
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
Те погоди клипчето или сакаше да те погоди? Колку што им е момент некои да постираат песни што не ги слушаат, филмови што не ги гледаат на СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ, така некому му е кукање, жалење и демек се self conscious околу одреден социјален проблем. Секако, ако се земе за пример каде се наоѓаме, на СОЦИЈАЛНА МРЕЖА. Искрено, не разликувам.. помеѓу двете ситуации. Незнам како може некој да го погоди видеото кога е spoon-fed-поента во вид на self-help wannabe клише уз геј поезија. Акенцтирајќи како сме биле робови. Курац. И каде го промовира тоа. НА ЕБЕНА СОЦИЈАЛНА МРЕЖА. Кома брат.

Ако нешто - повеќе не зближува технологијата
 
Ок, ти можеш тоа така да кажеш, не се согласувам. Ме погоди клипчето и ме замисли, еве уште го мислам. И себе се критикувам и генерацијата си ја критикувам. Нормално дека ќе го промовира на социјална мрежа, КАДЕ да го промовира? Кога се се сведува на социјалните мрежи. Одлична му е поентата, тоа што генерално одиме во пропаст сите како човештво, каде и социјалните мрежи си имаат улога, тоа е друг муабет.
Јас не судам, глумење има секогаш и секаде. Ако некој сака да постира песна што не ја чул, нека ја постира, само ми беше муабетот конкретно околу социјалните мрежи и како не оттуѓуваат од самите себе, а и од другите.

Ако нешто - повеќе не зближува технологијата
Извини, со сета должна почит, ама ова е најгрешното нешто што го имам прочитано.
Не не зближува, прави да знаеме кој што прави и како прави и каде го прави и со кого, ама не прави да бидеме зближени, воопшто. Ако ништо друго баш има помалку труд некој да ти се јави, да те викне на кафе и да те праша што има ново, пошто веќе видел на Фејсбук. Или среќавам некоја познаничка и таа веќе не вика: еееј како си, што има? Таа вика: Еееј си била таму, видов... Нема интимност, ниту зближување на социјални мрежи, ама воопшто. Баш повеќе не оддалечува едни од други, на емоционално ниво барем.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Живееме во време кога медицината го има достигнато својот врв, а имаме најмногу заболени, кога богатството го има во изобилие(се копа од сите страни), а пак имаме најмногу сиромашни, кога средствата за комуникација го имаат достигнато својот врв, а луѓето се се поотуѓени...........тука некаде лежи иронијата на нашето време.
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
Ок, ти можеш тоа така да кажеш, не се согласувам. Ме погоди клипчето и ме замисли, еве уште го мислам. И себе се критикувам и генерацијата си ја критикувам. Нормално дека ќе го промовира на социјална мрежа, КАДЕ да го промовира? Кога се се сведува на социјалните мрежи. Одлична му е поентата, тоа што генерално одиме во пропаст сите како човештво, каде и социјалните мрежи си имаат улога, тоа е друг муабет.
Јас не судам, глумење има секогаш и секаде. Ако некој сака да постира песна што не ја чул, нека ја постира, само ми беше муабетот конкретно околу социјалните мрежи и како не оттуѓуваат од самите себе, а и од другите.
Како му е одлична поентата? У принцип збори за негативностите од социјалните мрежи - на социјална мрежа.
Немало каде не е оправдание за тоа колку контрадикторно е се тоа.

Извини, со сета должна почит, ама ова е најгрешното нешто што го имам прочитано.
Не не зближува, прави да знаеме кој што прави и како прави и каде го прави и со кого, ама не прави да бидеме зближени, воопшто. Ако ништо друго баш има помалку труд некој да ти се јави, да те викне на кафе и да те праша што има ново, пошто веќе видел на Фејсбук. Или среќавам некоја познаничка и таа веќе не вика: еееј како си, што има? Таа вика: Еееј си била таму, видов... Нема интимност, ниту зближување на социјални мрежи, ама воопшто. Баш повеќе не оддалечува едни од други, на емоционално ниво барем.
Како те оттуѓува нешто кое константно те информира за некој? Еве може ќе немаш време или друга земја или билошто како услов да неможеш да се видиш со некој еден месец. Човек оладува. Скајпање, фотки, комункација и чатање дур си на кафе со некој не толку приоритетен те држи зближен. Глупа ти е поентата, демек се задоволуваме од онлајн интеракцијата, во стил во живо не се гушкаат, не се гледаат во очи, не се сакаат.. напротив, технологијата ствара поголемо исчекување.

Ти оти не си ја викнала познаничката на кафе да и кажеш што има, да не заглавува таа во мрежата? Оти се нема време. Неможеш да постигнеш со сите познаници да можеш ирл да лигавиш кафе чисто да прашаш дали е жив и функционален.
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Извини, со сета должна почит, ама ова е најгрешното нешто што го имам прочитано.
Не не зближува, прави да знаеме кој што прави и како прави и каде го прави и со кого, ама не прави да бидеме зближени, воопшто. Ако ништо друго баш има помалку труд некој да ти се јави, да те викне на кафе и да те праша што има ново, пошто веќе видел на Фејсбук. Или среќавам некоја познаничка и таа веќе не вика: еееј како си, што има? Таа вика: Еееј си била таму, видов... Нема интимност, ниту зближување на социјални мрежи, ама воопшто. Баш повеќе не оддалечува едни од други, на емоционално ниво барем.
Крејзи, да не беше технологијата, немаше да го знам пример wot или Божино или пак тебе или пак сите други на форумов и на другите социјални мрежи со кои не делам толку многу интереси за да се запознаам надвор од дома или пак не живеат во ист град или држава со мене. Сите имаме другари и другарки кои сме ги запознале на вистинскиот начин, но што смета ако во моето слободно време решам да комуницирам со wot од Струмица или пак со Божино од Прилеп? Тоа е зближување или одалечување, кога комуницрам со некој со кој не можам да идам на пиво или да се видам кога било?
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Една работа пред социјалните мрежи беше добра. Не ни се ставаше пред очи кретенисувањето и идиотштината на огромен број луѓе кои со „несвесно“ себепонижување или напаѓање на други луѓе се обидуваат да изградат социјален статус.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.677
Абе добра е интернет технологијата, едино што е лошо е што е злоупотребена до некоја мера.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Како те оттуѓува нешто кое константно те информира за некој? Еве може ќе немаш време или друга земја или билошто како услов да неможеш да се видиш со некој еден месец. Човек оладува. Скајпање, фотки, комункација и чатање дур си на кафе со некој не толку приоритетен те држи зближен. Глупа ти е поентата, демек се задоволуваме од онлајн интеракцијата, во стил во живо не се гушкаат, не се гледаат во очи, не се сакаат.. напротив, технологијата ствара поголемо исчекување.
Тоа што сум информирана за некого, не ме прави блиска со него. Имам познаници на фејсбук, гледам кај се, што се, ама не сум блиска со нив. Имам другарка што живее во Германија, ретко правам муабет со неа на социјални мрежи, ретко збориме, ама кога ќе се видиме исто ко да не поминал ден откога последен пат сме седнале заедно. Тоа е блискост, некој да те знае, да те познава, да те запознае каков си како личност, во живо, очи во очи. Тука нема бегање. Тие сме што сме. На социјални мрежи е малку поинаку. Сите се поопуштени, покул и се останато.
Тоа дека технологијата создава поголемо исчекување - не би рекла. Во што е исчекувањето?
Да, технологијата е забавна, фина, топ, за зезање, смеење, ама за продлабочување на човечки односи - мало морген. Доколку комуникацијата преку интернет не премине во комуникација во живо, истата ќе избледи.

Ти оти не си ја викнала познаничката на кафе да и кажеш што има, да не заглавува таа во мрежата? Оти се нема време. Неможеш да постигнеш со сите познаници да можеш ирл да лигавиш кафе чисто да прашаш дали е жив и функционален.
Да, немам време, бидејќи е познаничка и не ми е блиска и не гледам зошто треба со некој со кој имам само здраво да му разглабам се што ми се дешава во животот. Имаш познаници и имаш блиски луѓе во животот. Јас барем правам разлика. И со ниеден од тие блиски луѓе не сум се зближила преку интернет, туку преку гледање очи во очи и седење на пиво/кафе.

Крејзи, да не беше технологијата, немаше да го знам пример wot или Божино или пак тебе или пак сите други на форумов и на другите социјални мрежи со кои не делам толку многу интереси за да се запознаам надвор од дома или пак не живеат во ист град или држава со мене. Сите имаме другари и другарки кои сме ги запознале на вистинскиот начин, но што смета ако во моето слободно време решам да комуницирам со wot од Струмица или пак со Божино од Прилеп? Тоа е зближување или одалечување, кога комуницрам со некој со кој не можам да идам на пиво или да се видам кога било?
Чекајте малку другари.
Јас не сум против социјални мрежи, бидејќи како што можете да забележите ги користам.
Јас не е дека јас сум против комуницирањето преку социјални мрежи, само не може никој да ме убеди дека зближуваат. Може да направат да се запознаеш со некого, да видиш што прави и како изгледа, но не и да се зближиш. Зближувањето настапува во живо. Не на социјални мрежи.
И јас можам да излезам на пиво со кого било, не значи дека сум најблиска на свет. И јас кога ќе излезам на пиво, тек тогаш можам да кажам дека започнало зближувањето.
Да, лесно е да оддржуваш комуникација во смисол полесно е договарањето и поефтино муабетењето, ама тоа не е блискост, барем не според мене.
 
LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Као дремење на форум е ОК, а дремење на ФБ и Твитер не е ок ?
 
4NHK0

Јас сум ти батка у суштина многу флексибилен шизик
Член од
9 април 2014
Мислења
1.153
Поени од реакции
846
Smart phones-stupid people.Луѓе,кој е за една хајка по некоја планина?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom