Искрено, не ме чуди ваквиот твој начин на размислување и не ни гледам причина зошто би ме сфатил. Дали јас ќе величам некој или не е моја лична работа за која нема право никој да ми кажува дали тоа е лицемерие или не и дали преминува граници до каде може да се прави тоа. Ти имаш едни, јас други а некој трети граници.
И не знам зошто не ме сфати кога реков дека лоши работи се во ред, ама ако се од типот: не ми се сфиѓаше како пејач, лошо пееше, глумеше хуманитарец, се преправаше дека ја сака публиката, немаше убави песни итн...
Ама зафрканции од стилот: Која е последната работа која на Тоше му поминала низ глава?
Нема ни да го допишам одговорот на ова затоа што е стварно дебилно и невкусно.
И нека има вицови за Тоше кои ќе се однесуваат на некои карактеристики за него (она неговото “Ве сакам сите“ и слично), како што е за Ноне тоа со висната или за Мартина со дебелината ама па сега па со сила да правиме дека човекот не вреди за да некои го величат толку е стварно помалку од неинтересно. На крај, јас го перцепирам Тоше на еден, ти на друг начин. Тука е разликата. И како што ти имаш право да кажеш дека за џабе е величен така и јас имам потполно еднакво право да го осудам таквиот начин на размислување.
И јас ќе пишам офтопик: Една песна Викторче, наспорти сите други нема никакво значење. Јас знам дека таа песна и тој спот кои ги спомнуваш не беа исмејувани од 90% од луѓето. Туку од 90% од луѓето кои едноставно не им се допаѓаше. Знаеш, почетокот има многу важна улога. Тоше започна на славен начин. Да започнеше како Маријан (како што ти викаш) и Маријан денес ќе беше успешен. Ама не е.
И аман со тоа со менаџерката. Типката само му смени изглед. Песните му останаа исти.
@Апокалипто: Друже, секогаш повеќе го цениш нештото откако ќе го загубиш. Затоа сега наеднаш има толку ангели чувари. Фак е дека тоа е така, што не значи дека претходно тие „чувари“ не биле тука.