LOL, темава е баш за моите комшии. Како прво можам со секој да се кладам дека имам НАЈЛОШИ соседи, дури можам и книга за нив да напишам.
Како прво, живеам во куќа, и ОПКОЛЕН сум со 3 други куќи околу мене, поточно една од нив е лепенка со мене ( роднините ).
Првите до мене: продаваат дрога, и вчера рација им правеја, со некој 30тина полицајци, инспектори.
Другите: зад мене, многу викаат понекогаш, што дури и радиото го пуштав за да не ги слушам.
Третите ( роднините ): тие што живеат си се нормални, ама внукот, кој не живее тука, по цело време доаѓа таму. Се занимава со мотори, и секогаш кога ќе дојде бара по 200-300 евра, и ако не му дадат ЛОМ прави, дури и прозорците ги крши, а ако му дадат пари, купува нешто за моторот, и по цело време ко чепка и дава гас в место.
Епа кажите нешто за моите роднини!