Најнова вест!!!!!!!!!!!!
Македонија се согласи да го промени името, во замена за автопат вреден 70 милиони евра.
Во следните денови се очекува ратификација на договореното и информирање на членките на ОН, НАТО и ЕУ, во врска со редефинирање на билатералните и интернационалните комуникации под новото име - Централно-Балканска Република.
Истовремено Грција се обврзува дека во рок од 3 месеци ќе почне со изградбата на Коридорот 10 кој што - воедно ќе претставува еден вид на мост кој што ќе го симболизира соживотот, и мултиетничкиот карактер на Централно-Балканската Република - наведе грчката министерка Дора Бакојани, на заедничката платформа со претставниците на ЕУ, одржана по повод овој свечен чин.
Свое излагање имаше и амбасадорот на ЕУ во Централно-Балканската Република, господинот Ербан Фуере.
Тој наведе дека ова е еден мал чекор за ЕУ, но голем за демократијата во Централно-Балканската Република.
ЕУ го поздравува овој чин на добрососедство, и порачува дека историјата не е важна, туку важна е иднината
на земјата, како и на нејзините граѓани, без разлика дали се
Албанци,
Централо-Балканци,
Роми или други.
Но, како што наведе амбасадорот, Централно-Балканската Република не треба да го сопре овој тренд на добрососедство, туку да покаже поголема флексибилност, затоа што тоа е доблест на Европските земји.
Останете со нас, ќе се вратиме со најнови резултати од средбата подоцна.
Извор: Б2 Телевизија во соработка со Соросоиди & Co.Ltd