Значи сакам некој кратко и јасно да ми објасни, тоа што ќе крадат по 10% од секој добитен лист на страна, дали на крај на година ќе ми бараат други прати, т.е двојно ќе оданочуваат, само некој да одговори на кратко ако може.
Нема двојно оданочување од ваков тип , не се физичките лица фирма па да се оданочуваат и за непризнаени расходи итн.
Сумирано , за секоја добивка ќе добиеш потврда од кладилницата дека е платен персонален данок . Сите овие потврди ќе си ги собереш до крај на годината и ќе ги внесеш на наредната даночна пријава
(образец "ПДД-ГДП") која се поднесува до Управата за јавни приходи најдоцна до 15 март 2015 год во полето " Добивки од игри на среќа и други наградни игри " или можеби ќе додадат нова ставка во пријавата . Во тоа поле означуваш бруто добивка и вкупен износ на платени аконтации(персоналниот данок означен во добитното ливче-збирно)
Двојно оданочување има во смисла дека парите со кои ти уплатуваш тикет за обложување веќе се оданочени , дали од плата , претходна добивка итн. Штом плаќаш персонален данок на целата сума на добивката ти плаќаш два пати персонален во оној износ на уплатата.
Пример:
Уплата 100 ден . Добивка 150 ден. Персонален данок изнесува
15 ден (значи на целиот износ)
Ти на тие 100 ден веќе си платил данок (дали тие ти се од плата , претходна добивка итн)
Затоа е нелогично да се плаќа персонален на целиот износ и овој закон е против сите правни норми , туку треба да се плаќа на разликата од уплатата и добивката во примерот на 50 ден разлика на добивка и уплата односно
5 денари персонален данок.