Сонови, толкување на сонови

General Centar

Се колнам... за ослободување на Македонија...АМИН
Член од
31 март 2011
Мислења
350
Поени од реакции
188
Молам за објаснување!!!!!
Жена облечена во црно од глава до пети значи како кај муслиманките, а лицето се гледа цело и има само едно око како киклоп и окото личи на оние амајлиите против уроци.На сонот како да ми фрли магија и скроз се укочив, а имаше и едно мало жолто куче што цело време лае а јас држев мала метла и демек во неа имало некои магии скриено така нешто.Врска неам што значи ама ќе биде добро ако некој ми објасни.
 
S

Sattva

Гостин
А што значи тоа што во последниве 10 години иам вкупно сонувано 10 пати едвај? (барем на толку јас се сеќавам)
На тоа прашање не може да се донесе заклучок без претходна, позадоволителна психоанализа..., без увидување на условите во кои спиете и останатите околности :)
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Жар кој наеднаш даваше пламен односно се палеше
силен оган од него немаше искри само оган,
чуствотот беше некако пријатно
 

Mama.

уметник
Член од
23 јули 2011
Мислења
524
Поени од реакции
326
...odev niz nekoja ulica, naokolu imashe samo karpi i pusti ridovi...
odednash se pojavi avtomobil... vo nego bea moeto semejstvo, zaedno so recisi site rodnini na koi se sekjavam... od avtomobilot izleze samo bratucetka mi i nie zaedno prodolzivme pesh, a ostanatite ne sledea so kolata...
skrshnavme od patot i odevme niz karpite, stignavme do nekoi polinja so zito...
zastanavme... site izlegoa od kolata... sedevme i molcevme, cekavme neshto da se sluci... vo toj moment mi tekna deka celo vreme dodeka odevme mi se pojavuvashe edno prividenie... fontana, vo forma na casha, vodata teceshe od tri otvora i beshe so temno sina boja...
im go kazav toa na ostanatite i site kazaa deka go imale istoto prividenie...
poglednav vo sonceto... beshe mnogu pogolemo, zastrashuvacki golemo...taka gledajki vo nego primetiv deka od vreme na vreme, na sonceto se pojavuvaat nekoi crni damki, kako spirali se izdigaa i povtorno isceznuvaa... bratucetka mi koja stoeshe do mene go vide istoto i pocna da go snima so kamera...
vo toj moment sonceto prestana da sveti, nastana mrak... temnite spirali se spushtaa na zemjata...
na neboto letaa stotina avioni, cel svet beshe vo panika...
ostanavme samo jas i bratucetka mi, ostanatite vlegoa vo kolata i si otidoa... sakavme da svatime shto se slucuva i ja poglednavme snimkata od kamerata na koja shto bea snimeni promenite na sonceto... megutoa nishto ne se gledashe, snimkata beshe bleda i losa, se obiduvavme da ja pogledneme povtorno... kamerata se rasipa, a potoa eksplodira...
... ne fati panika i pocnavme da begame... vrneshe dozd... trcavme dolgo vreme, i celo vreme dodeka trcavme se pojavuvashe istata fontana od predhodno...
zastanavme kraj ogromni karpi, pod niv imashe mala peshtera, a tamu izvirashe mala rekicka... koga vlegovme vo peshterata tamu gi vidov moite deca kako sedat pokraj rekickata i lovat ribi... pomaloto since ulovi crvena riba koja beshe pogolema od nego... site se raduvame poradi negoviot ulov... potoa se razdeni, se beshe vo red... izlegovme od peshterata, pred nas zastana avtobus i se kacivme vo nego
 
Член од
1 март 2012
Мислења
6
Поени од реакции
5
jas neam sonuvano dobri 3 godini , i super mi e vaka a i nezz so e problemot zaso ne sonuvam ? (znae nekoj)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Се некои акциони сонови сонувам, или бркам или ме бркаат а на јаве сум смирен.

П.С. Не барам објаснување онака само да си пишам.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
jas neam sonuvano dobri 3 godini , i super mi e vaka a i nezz so e problemot zaso ne sonuvam ? (znae nekoj)
Сонуваш, сите секоја вечер, често по неколку пати сонуваат. Само што, најчесто сонот не се памти.
 
Член од
27 јануари 2011
Мислења
79
Поени од реакции
63
Дали можеби некој знае што значи да си ја сонуваш сопствената свадба. На сонот беше денот на свадбата и го облекував свадбениот фустан кој беше од свила и требаше да е бел, но кога мајка ми ми го подаде да го облечам беше во два дела, едниот во убава плава а другиот во лила боја. Го облеков, се погледнав во огледало и си ставив превез на главата, а лицето не ми беше покриено и повторно се видов во едноделен бел фустан и цело време се чувствував многу среќно и исполнето.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Дали можеби некој знае што значи да си ја сонуваш сопствената свадба. На сонот беше денот на свадбата и го облекував свадбениот фустан кој беше од свила и требаше да е бел, но кога мајка ми ми го подаде да го облечам беше во два дела, едниот во убава плава а другиот во лила боја. Го облеков, се погледнав во огледало и си ставив превез на главата, а лицето не ми беше покриено и повторно се видов во едноделен бел фустан и цело време се чувствував многу среќно и исполнето.
Ти претстојат тешки моменти.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Дали можеби некој знае што значи да си ја сонуваш сопствената свадба. На сонот беше денот на свадбата и го облекував свадбениот фустан кој беше од свила и требаше да е бел, но кога мајка ми ми го подаде да го облечам беше во два дела, едниот во убава плава а другиот во лила боја. Го облеков, се погледнав во огледало и си ставив превез на главата, а лицето не ми беше покриено и повторно се видов во едноделен бел фустан и цело време се чувствував многу среќно и исполнето.
Мислам дека си сонувала впечатлив сон.
Еве го моето толкување.
Сонувањето на свадба ја симболизира нашата желба за некое пријатно и весело изненадување, можеби токму брак. Исто така може да означи очекување за некое задоволство со децата, околу децата, брачниот партнер и семејството, во случај да сме веќе во брак.
Сонување на свадбен фустан ја симболизира нашата желба за достоинство и почест.
Присуството на мајката, навестува дека не сме во се сигурни и дека стравуваме од непредвидени тешкотии, за чие отклонување можно е да ни биде потребна помош.
Убавите боји ја означуваат нашата увереност во поволен и пријатен исход на настаните, а тоа што бојите се менувале означува дека сепак не сме во се сигурни.
Превез на лицето, означува дека има нешто што сакаме да го скриеме, а тоа што не си успеала да го скриеш лицето, означува дека тие работи не се битни.
Што си била во среќно и исполнето расположение, означува дека сепак стравуваш од некои непријатности.
Се на се мислам дека си сонувала пријатен сон во очекување да нешто добро ти се случи и за кое, речиси со сигурност, очекуваш да се случи. Имаш мали сомневања и дилеми во среќниот исход, но тоа е вообичаено, никој не е во се сигурен.
Впрочем, брачниот партнер ни е единствениот роднина кој имаме можност сами да го одбереме.
 

BloodyJesus

патенирана чепкалка
Член од
15 февруари 2012
Мислења
1.206
Поени од реакции
1.240
Сонував нокти синоќа :(
Сум се зачудил како тоа големи нокти толку.
 
Член од
2 ноември 2011
Мислења
68
Поени од реакции
81
Што значи да се сонува библија и истата да се чита? Во сонот ја видов библијата ставена на полица беше со црни корици и пишуваше со големи букви БИБЛИЈА. Ја видов и си реков „Ејј ќе ја земам да ја читам“... но не беше моја... неколку пати си повторив да ја прочитам додека сум тука...као не сум била дома. Знам дека седнав ја отворив и почнав да ја читам од првата страна. Во сонот нормално знаев што пишува, но кога се разбудив не се сеќавав.
 
Член од
27 јануари 2011
Мислења
79
Поени од реакции
63
Ти претстојат тешки моменти.
Мислам дека си сонувала впечатлив сон.
Еве го моето толкување.
Сонувањето на свадба ја симболизира нашата желба за некое пријатно и весело изненадување, можеби токму брак. ........
Ви благодарам и на двајцата за вашето толкување. Смрт за зони и пајак воз. интересно толкување и мислам дека до некаде ја опфаќа и "поентата" на мојот сон.

Еве еден интересен линк за изнаоѓање на значења на соновите:
http://www.dreammoods.com/dreamdictionary/
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.918
Значи и дефинитвно верувам во влијанието на соновите врз животот. Не сите, но некои сонови ни даваат пораки за тоа дека што не очекува во иднина, на некоја поважна случка, добра или лоша вест. Кои се тие сонови, знаеме самите ние, пошо даваат некое посебно чувство во моментот кога сонуваш. Најтешката задача е разрешувањето на сонови и пораката што сакаат да ја добиеме. Еден вид на разрешување на кодирана порака која е спој од сите наши животни искуства до тој момент. Значи мозокот перципира и запамтува наша реакција во одреден момент, за потоа кога треба да ни пренесе порака, таа порака ни ја дава преку одредена слика (чувство) кое ни се случило во минатото ( независно дали било вчера или пред десет години). Несомнено, интересен феномен. Неможе некој друг да ни ги толкува соновите, пошо тие се дел од нас и самите доколку сакаме, мора да си ги поврземе работите. Интересна работа и едниствена мистерија, паранормална, неидентификувана состојба, појава која ни се дешава во главата. Јас се разработив самиот себе и дојдов до овој заклучок. За кај вас, незнам..
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Значи и дефинитвно верувам во влијанието на соновите врз животот.
Вистината е сосема спротивна од твоето тврдење. Животот влиае на соновите, а не обратно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom