Вака сеа, веќе два дена го сонувам истото и тоа ми се случува кога спијам на грб . Сонувам како јас сакам да излезам од некоја соба, но „нешто“ ме тегли назад ... јас со сета сила се мачам не попуштам, но никако да излезам во исто време сакам да викнам осеќам, но неможам. ....Ќе ја кажам на глас молитвата во сон и ме „ослободува“ некако , наеднаш ќе се разбудам и ми олеснува...
Што ќе да е?
Сонов нема потреба од подлабоки анализи, се е така очигледно: се додека не внесеш поголема духовност и верба во себе, нема да го постигнеш посакуваното, конечно решение.
Со среќа
--- надополнето: 25 февруари 2012 во 01:00 ---
Кога малку ќе подразмислам, и јас сонував соби оваа ноќ. Сум се наоѓала во еден голем простор, најверојатно хол, осеќам дека има спортски сали во близина... најверојатно станува збор за некакво училиште, би заклучила дека е средно, по возраста на девојките кои се наоѓаа во бањите (на левата страна од холот), кон кои јас се упатив. Влегов во една, таа како да имала многу ѕидови внатре, кои го сечеле просторот на повеќе бањи... и од тука излегува една полугола девојка, останатите се капеа... јас без многу размислување излегов, бидејки не сакав да ја споделувам сопствената интимност со други личности. Продолжив кон спротивната (десната) страна од холот... и едно мало ходниче (исто ко претходното, заборавив да го споменам) ме однесе кон друг простор, за кој претпоставував (по енергијата која ја осетив) дека води кон машките бањи, така се понадевав дека ќе налетам на некоја празна. Ја отварам вратата која се поставува веднаш спроти мене, на крајот од ходникот... и налетувам на отсликување на ситуацијата со женските бањи: излегува истата девојка, ги прави истите гестови, истите движења... од она што “наѕирнав“, знаев дека е истата таа сцена, па затоа, веднаш се повлеков. Направив еден, два чекори наназад, значи свртена со грбот... и приметив друга врата од десната страна, застанав и полека ја отворив... исто така со нежни движења, полека ја затворив. Претпоставив или... посакав, тука да ја сретнам личноста што ја сакам. Беше тоа сива соба, за разлика од претходните, кои беа бели и на одредени места прошарани со бои (всушност боите се наоѓаа на долната облека на некои од девојките), и на десниот нејзин агол, се наоѓаше еден мал, метален (?) кревет. Пробав да видам дали е таму, во креветот таа личност, и малку се помачив бидејки... на едната половина (видливата, од мојата страна) се наоѓаа ќебиња, наредени едно врз друго (така 1 m)... ги поминав и легнав на празната половина од креветот, свртена кон ѕидот, но знаев дека тој е тука. Кога се свртев после некое време... тој и физички беше тука. Одеднаш, додека тој ме гушкаше (мислам), почнав да пуштам, не знам со што и како, вода во креветот... Тој се наполни неколку cm и сметав дека тоа е сосема доволно... а освен тоа, на истиот тој ѕид се појави штекер, кој за малку се допираше со водата... и баш во тој момент ја сопрев, со негова помош, за да не настрадаме во можната несреќа. (Само толку се сеќавам.)