Сонови, толкување на сонови

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Да ми помогнете околу ова,често сонувам дека повторно вегувам во куката на дедоми(која е срушена а дедоми починат) во сонот куката е супер дедо ми супер,а свесен сум во сонот дека куката била дадена за дасе направи згради,која и после 5 години не е довршена,Фала однапред
 
Член од
19 август 2006
Мислења
52
Поени од реакции
0
Го сонував Курт Кобејн и тоа синоќа...кобајаги он мене ми вика ќе издавале нов албум Нирвана, планирале и концерт во Скопје.Дека не бил мртов и цело ова време само се криел од јавноста бидејќи не ја поднесувал и слично... ФАНТАЗИИ У БОЈА (изгледа имам премногу постери од него на ѕидот у потсвеста ми влегло...)
 
АуРоРа

Засекогаш
Член од
15 мај 2005
Мислења
1.109
Поени од реакции
15
Ајде пак еден сон за Бибика,нормално ако има време и ако е расположена за толкување...Затоа што јас само тебе ти верувам:)

Епа овој сон го сметав во поважните зашо одамна не сум се разбудила на сред сон и да не можам да заспијам... Не се сеќавам баш најмногу,ама целиот сон беше многу мрачен,и јас со сите мои блиски луѓе,фамилијата и другари( не можев да им ги видам лицата кои беа) само знам дека беа луѓе што ги сакам,се качивме на авион,ќе одевме некаде,ама сето тоа беше многу чудно.Мислам дека всушност и не знаевме каде одиме.Седнавме во авионот,атмосферата беше мрачна еден куп,теѓет бои беа тоа,седнавме,ма да личеше на некоја дупка како веднаш да се знаеше дека ќе се случи нешто лошо.И тргнавме,кога стјуардесата оддеднаш викна,леле луѓе авионот е отворен од едната страна,влегува воздух,нема ламарина,и паники се тоа,почна да паѓа,нешо мајка ми искоментира...И толку.СЕ разбудив,не се ни сеќавам кои беа луѓето внатре,се ми се чини дека најмногу стјуардесата ми остаи впечаток и авионот кој уште на почетокот личеше на паднат.Дали падна или не појма немам,ама изгледа да,пошо се разбудив...
И сега Бибика,значи ова нешто,пошто имав мн.чудни чувства после тоа или како???

Фала ти однапред за се...Поздрав
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
mRnO напиша:
Да ми помогнете околу ова,често сонувам дека повторно вегувам во куката на дедоми(која е срушена а дедоми починат) во сонот куката е супер дедо ми супер,а свесен сум во сонот дека куката била дадена за дасе направи згради,која и после 5 години не е довршена,Фала однапред
Ако си приметил,секогаш кога си напнат,во очекување на нешто важно,или во некој емотивен вакум,сакаш да се вратиш во времето кога си бил среќен,кај дедо ти,во куќата во која ти е убаво.
Куќата си ти.И таа е супер,само повремено, потсвеста те потсетува дека се е во ред.:)
Лутината за рушењето на куќата на дедо ти,е лутина кон оние што се обидуваат да ти ја допрат (во негативна смисла) душата,личноста.Не се лути,такви луѓе има на кило.:)
Радувај му се на сонот,секогаш кога ќе го сониш.Убаво зборува за тебе и состојбата на твојата внатрешност.А таа е супер,исто како дедо ти,исто као куќата...ја нема,а уствари тука е.:)
 
еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
bibike aj be srcka kazi neso vo vrska so moite sonista, mi obekase pred nekoj den deka ke razmislis!aj te molam! eve go!
fala
 
АуРоРа

Засекогаш
Член од
15 мај 2005
Мислења
1.109
Поени од реакции
15
Ај Бибика и за мене плс.Знам дека троа ред се чека:),ама ај кога ќе имаш време:) поздрав
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
АуРоРа напиша:
Ајде пак еден сон за Бибика,нормално ако има време и ако е расположена за толкување...Затоа што јас само тебе ти верувам:)

Епа овој сон го сметав во поважните зашо одамна не сум се разбудила на сред сон и да не можам да заспијам... Не се сеќавам баш најмногу,ама целиот сон беше многу мрачен,и јас со сите мои блиски луѓе,фамилијата и другари( не можев да им ги видам лицата кои беа) само знам дека беа луѓе што ги сакам,се качивме на авион,ќе одевме некаде,ама сето тоа беше многу чудно.Мислам дека всушност и не знаевме каде одиме.Седнавме во авионот,атмосферата беше мрачна еден куп,теѓет бои беа тоа,седнавме,ма да личеше на некоја дупка како веднаш да се знаеше дека ќе се случи нешто лошо.И тргнавме,кога стјуардесата оддеднаш викна,леле луѓе авионот е отворен од едната страна,влегува воздух,нема ламарина,и паники се тоа,почна да паѓа,нешо мајка ми искоментира...И толку.СЕ разбудив,не се ни сеќавам кои беа луѓето внатре,се ми се чини дека најмногу стјуардесата ми остаи впечаток и авионот кој уште на почетокот личеше на паднат.Дали падна или не појма немам,ама изгледа да,пошо се разбудив...
И сега Бибика,значи ова нешто,пошто имав мн.чудни чувства после тоа или како???

Фала ти однапред за се...Поздрав
Аурора,ќе јадеш ќотек,ама...:) Болдираните делови ти се одговор на сонот.
Тегет бојата значи интелект,памет,учење,испити,школо,факултет...
Авионот=брзина,средство за брзо постигнување на некоја цел.
Ем брзаш,ем незнаеш кај си тргнала.
мајка ти ќе коментира,нормално,кога си брзоплета...:)
Отворен авион=неспременост за почнување.
Очекуваш некое официјално лице, да ти каже дека уште непочната работата,нема изгледи за успех?!
НО!!! Ќе успееш,покрај се.Сите ќе ги збереш околу себе и ќе личи дека ништо нема да успее,ама ќе полеташ,како-така,важно нема да паднеш.Некоја жена (службено лице),ќе ти соопшти дека не си успеала,арно ама авионот не е паднат.
 
АуРоРа

Засекогаш
Член од
15 мај 2005
Мислења
1.109
Поени од реакции
15
bibika напиша:
НО!!! Ќе успееш,покрај се.Сите ќе ги збереш околу себе и ќе личи дека ништо нема да успее,ама ќе полеташ,како-така,важно нема да паднеш.Некоја жена (службено лице),ќе ти соопшти дека не си успеала,арно ама авионот не е паднат.

Значи на добар пат сум да почнам сама да си толкувам а:)Aj ќе пробам.Се гледа дека си стручњак и стварно го мислам тоа...
Дека сум брзоплета - тоа да,ако ти текнува на сонот со колата,или сум пак опседната со превозни средства,ма да може и тоа:)
п.С.Не е паднат авионот оти се разбудив,ама кон таму одеше,а дали полета прашање е,цело беше измешано одвај се сеќавам...Како и да е,фалаааа најмногу.

Мора да ми кажеш како да си ги памтам соновите без да ми се толку измешани,сите се делчиња некои,небитни,а сепак биле битни:)
 
JeCILaDy

Move Away
Член од
18 април 2006
Мислења
2.350
Поени од реакции
22
Сонував дека сум на одмор, некаде далеку од Македонија...И сум сама на плажа...Однекаде, се појави еден полицаец, се претстави како пријател на татко ми и ми рече дека татко ми ме чека на изворот на реката...Имаше една река, широка и длабока, и се наплаќаше за превоз до изворот. А извираше како малечко поточе, од една улица, буквално од улица. Асфалтот беше раздвоен и малку поткренат, и од процепот извираше реката...По патот, од плажата до изворот на реката, се гледав во водата, и забележав мали ситни суштества...изгледаа како амеби...и многу се грозев од нив. Дури и искоментирав дека се грозни и страшни, а тој полицаецот ми рече : „Тоа е”... Се сретнав со татко ми, и ме праша како си поминувам и рече дека сака и тој да оди на плажа...И заедно заминавме..И пак назад по реката...До плажата...И таму се сретнавме со цела моја фамилија. т.е. фамилијата на брат му на татко ми. И се поздравивме ...Татко ми остана со нив, а јас продолжив кон моето место на плажата..Се движев по обалата, беше нешто како кејот на Охридското Езеро, но сепак имаше многу луѓе во вода. Стигнав на местото каде што ми беше лежалката и торбата, и проверив внатре, бев ограбена...Ме фати паника, бидејќи мислев дека се што имав, се беше таму. Пасош, мобилен, пари, клуч од местото каде што сум сместена. Се распрашав од луѓето што беа до мене, дали имаше некој сомнителен да се вртка тука, една жена, возрасна 35-40год, симпатична, со продорни зелени очи и со насмевка на лицето, дури и не го менуваше ликот дури зборуваше, ми кажа дека неколку млади дечки се врткале тука, и сомнително ја гледале торбата...По неколку минути, ми текна дека само некоја ситна пара носев на плажа...Пасошот, мобилниот и големиот дел од парите ми беа во куќата каде што бев сместена.

И ми звонеше телефонот и се разбудив...И цел ден имам некое чудно чувство...и сеуште во глава ми се очите на жената и оние грозните суштества како амеби. Обично не сонувам, т.е. не се сеќавам на соништата...и кога ќе се разбудам и ќе се сетам што сонував..имам некое грозно чувство, некоја несигурност...бидејќи секогаш кога се сеќавам на некој сон, секогаш ми се случува нешто лошо.
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.747
Поени од реакции
4.985
Da ve prasham nesto , dali ako sonuvash zlato , toas znaci tezok maler
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
JeCILaDy напиша:

Ништо лошо нема да ти се случи.Ќе бидеш сведок на некој настан,на кој ќе има луѓе кои и нема да ти бидат баш симпатични,но атмосверата ќе ти биде напната и чудна.Непозната.Сите ќе прават нешто што тебе не ти е својствено.
Паниката од губењето на личните работи,само покажува дека си во некој период на притисок,кој те тера на страв од губење на личниот идентитет.Но тој си е на сигурно место,нели? :)

Манга,злато на сон знаќи партнер, девојка, жена...Ај па ако не... така...:) Не е малер де.:)
 
Darkwind

I need to work I'm always spending
Член од
27 јануари 2007
Мислења
1.038
Поени од реакции
1
Пред некое време две вечери по ред сонував како ми се откинува прст од ногата и како се шетам со него :icon_neut и од тогаш кога и да си ја погледнам ногата се фурам дека ќе ми падне прстот :toe:
 
vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
Сонував дека сум бил дома сум откачил музика и сум лапнал табла :pos: и сум денсал по дома као на журка, флешои ме пукале. :) :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom