АуРоРа напиша:
Jaс па сонував дека сме напраиле сообраќајка со мајка ми и со сестра ми,ама никој не бил повреден.Е сега целата иронија е во тоа што мајка ми не знае да вози, а немам сестра...И ај сеа...И нормално сме излегле сите 3 од кола неповредени и знам дека во тоа сонот имаше многу снег и во него сме се слупале...
Ако знае некој да ми го објасни ова алал да му е
Тоа што си била во кола (брзо превозно средство),покажува дека некаде или кон нешто,страшно ти се брза.Нестрплива си. Ја бираш мајка ти да вози (иако не е возач),затоа што во неа имаш доверба и од неа очекуваш да ти помогне, да ја достигнеш целта што побрзо.
Вадиш сестра во сонот,како поткрепа, поддршка (која очигледно ти е потребна).
Сообраќајка,односно слупувањето во снег (ладно,бело),значи дека и на сон си свесна, дека тоа што го посакуваш е недостижно,ладно,и дека нема да ти успее.
Ќе ти биде неразбирливо,исто како сонов,зошто е невозможно и ќе ти биде ладно и непријатно од сознанието.
Бидејќи сте сите живи и здрави,не се секирај,тоа е само твоја мисла,на која потсвеста во симболи, се обидела да ти даде одговор.
Не барај помош,џабе е.Не брзај,за да не се слупаш.Имај трпение,за да не ти студи на душата.