Три саботи по ред ја сонувам црквата од селото Слатино, село каде дедо ми е роден.
Првиот пат ја сонував како со дедо ми да пиеме од чешмата во црквата и тој ми кажува за некакво богатство скриено во изворот.Подоцна јас излегувам од црквата и држам книга на која имаше старомакедонско писмо кое ми беше разбирливо бидејки беше како кирилицата само некои букви беа поразлични.Ми текнува дека некои зборови ги разбрав во сонот но откако се разбудив не ги запамтив, некои беа слични на денешните но го запамтив само зборот "треба".Само што почнав да ја читам книгата шетејки низ селото почнаа да ме бркаат група турци, јас се свртев назад и почнав да бегам, се качив на едно многу старо дрво, слично на она во охрид кај фонтаната и потоа се разбудив.
Вториот пат сонот ми започа со некаква прослава во селото но веселбата беше над селото на рид а гости беа богати луѓе. Јас на некој човек му реков дека сакам да одам во црквата и во куќата на дедо ми и тргнав да се симнувам кон селото. По патот кога стигнав во близина на дворот од нашата кукја видов некакви археолошки ископини и некакви стари градби.Се приближив кон ископините ги видов градбите а откако продолжив да одам кон црквата ме нападна мечка. Не знам со каква сила ја утепав мечката и потоа ја здогледав црквата и така ми заврши и тој сон.
Третиот пат бев во нашиот двор куќата така само стоев во дворот и ја гледав црквата заедно со крстот кој стои на врвот од неа.Знам и дека крстот светеше нешто како златно жолт одблесок имаше.Инаку и во реалност од мојот двор го имам истиот поглед кон црквата.
Има ли некој што може одприлика да ми ги објасни овие сонови и зошто би можел да ги сонувам?
Откако ги сонував овие сонови чувстцувам голема желба и потреба да отидам во истата таа црква Св. Богородица и едноставно да поседам малку во неа да си запалам свеќа, нешто ме влече кон тоа место.