Medea
Облинеса
- Член од
- 25 април 2007
- Мислења
- 2.973
- Поени од реакции
- 3.269
Имам два мрднати сонови. Ако некој знае што значат, ок, ако не, пак ок, да си ги кажам јас.
Првиот: Се бањам во када, и над мене прелетува птица, не голема многу, со зелени крилја и виолетов клун, како нацртана. Пробувам да ја избркам, пошто не сакам да ми падне во вода, нели. Кога ја фатив, се претвори во жена со долга коса до земја и седна до кадата. Голотии, еротики, ништо од тоа немаше.
Се префрлив од никаде нигде во еден земјен мал дуќан, и жената продаваше тегли со жаби, а на жабите на главите им беа монтирани круни како принцови. Ми продаде еден. Носеше црвени чевли. Наредно... Одам по високи скали и гледам Ромска фамилија, деца 2, мама и тато. Децава одат накај мене и ми бараат пари. Викам, немам, едното ми вика, дај раката, да видиш нешто. Ми ја зема, и ми стави прстен на десна рака.
Следен сон.
Дома бев, и слушав врискања, женски глас, претпоставив дека е мајка ми... Само видов две глувчиња како прошишуваат на паркет и едно врапче како облетува. Се извадив од памет, и знам само дека во сонот го згмечив кутриот врабец.
Ништо друго не се сеќавам.
Ме ужаснаа соновиве, пошто има куп симболи во нив, ако некој знае, нека ми каже што би значеле. Однапред фала.:smir: