Сонови, толкување на сонови

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.676
Поени од реакции
29.243
Сум сонувала вечерва дека сум на викендица во село и прво берев цреши, а потоа капини. Може ли некој да ми каже шо значи сонов?
 
PhantomerX

Несопирлив
Член од
30 октомври 2008
Мислења
623
Поени од реакции
46
другар а ова? ? ? ( значи уууште го сонувам истиот сон )
Тоа ти е пасијата, според мене. Ти го замислуваш тоа што сакаш да ти се случи... Јас така сонувам 2-3 дена веќе како бакнувам девојче, кое го имам видено еднач во животот и сеа само контактираме онака.

А инаку значење на прегрнување до сега немам сретнато... Поточно, не знам што ке да е :)
 
Член од
9 мај 2009
Мислења
605
Поени од реакции
400
Вчера сонував еден сон,баш ме интересира што значи.

Сонував дека со другарките и братот на дечко ми сме отишле на базен. Сите влегле да се бањаат освен мене. Јас останав да седам и го видов кумот на моите кумови со кој порано додека бевме помали се зафркававме. И тој ме виде мене и дојде седевме заедно,правевме муабет и потоа седна зад мене ме гушна, па се држевме за раце. Од една страна се чувствував непријатно,а од друга страна ми беше убаво. Братучедка ме викна и ми рече ако ми е непријатно од братот на дечко ми да го викне него за да ние останеме сами. Јас и реков не, а таман во моментот кога тој сакаше да ме бакне јас го отфрлив(го турнав) и се разбудив.
 
Некако многу чуден спој од ситуации... И ликови... Не знам што да ти кажам... Може некој знае повеќе за тоа...

Сум сонувала вечерва дека сум на викендица во село и прво берев цреши, а потоа капини. Може ли некој да ми каже шо значи сонов?
Црешите ти се среќа во љубовта. А ако ги јадеш - неверство.
Берење капини ти е некое гајле што си го имала или ке требало да го имаш.

Значи... :toe:
 
*Slash*

Comfortably Numb
Член од
31 јули 2008
Мислења
758
Поени од реакции
1.207
Сонував како целата сум била гола,со кал..:uvo: и сум била во некоја пештера и имало некои мои познаници околу мене а една моја пријателка ми ги држела во рака сите мои маици.Јас успеав да видам само една сива:toe:..И на крај калта почна да исчезнува,а јас да се срамам од голото тело..Некој знае??Tnx
Anyone?:nesum:
 
Црвено

Am I pissin' u off-fa-fa?
Член од
12 септември 2007
Мислења
1.227
Поени од реакции
81
Вчера сонував еден многу језив сон. Со една моја драга личност се шетав и седнавме да одмориме на една клупа. Од негде дојдоа една поголема група дечишта и не знам зошто, тој се зарчка со нив, ама бидејќи имаше многу народ околу го викнаа на страна негде. Цело време се чувствував беспомошна, не знаев што да сторам и плачев во сонот. Се здобив со сила и отидов до местото кај што отидоа тие, во некоја просторија. Вратата беше отворена и кога ѕирнав видов само многу луѓе застанати во круг и со боксови и клоци се подаваат со него. Исплашена истрчав надолу по скалите и застанав под нив и почнав да барам по именикот некој што може да помогне, ама не можев. Од вратата над мене излезе многу народ, видов и познаници. Кога сакав да влезам внатре да видам што се случило, сите ми викаа да не влегувам, само еден дечко, прв пат го гледам во сонов, се согласи да дојде со мене до таму. Просторијата беше полна со камења. Само што влегов го видов него со раскрвавена глава легнат на подот. Кога стигнав до него, видов дека нема раце, а тој се освести и сакаше да ме гушне.
Не можам да престанам да мислам на сонов, се надевам дека некој знае да ми каже што значи и дека значењето не е лошо.
 
*Slash*

Comfortably Numb
Член од
31 јули 2008
Мислења
758
Поени од реакции
1.207
Го сонував бројот 12.Знае некој што значи тоа?:smir:
 
Не мора да значи да е лошо. Можеш отприлика да очекуваш чудно однесување од личноста во блиска иднина... Немој да му вратиш. Прифати го онака, како да требало да биде, пушти го да помине...

Го сонував бројот 12.Знае некој што значи тоа?:smir:
Броевите се поврзани со игри на среќа... Пошо нема лото... Не знам што ќе да е... Можеби 12 утакмици на спортска :vozbud::smir:
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Шо значи да сонуваш две мои, така да речам другарки биле бремени?
 
Црвено

Am I pissin' u off-fa-fa?
Член од
12 септември 2007
Мислења
1.227
Поени од реакции
81
Шо значи да сонуваш две мои, така да речам другарки биле бремени?
Бременост како што видов во соновник е болест, па сега ти протолкувај си како знаеш :)
 
PhantomerX

Несопирлив
Член од
30 октомври 2008
Мислења
623
Поени од реакции
46
Имаш ти проблеми со броевите? :pos2:

Инаку тоа е се што знам за броевите... Играј ги на игри на среќа... Ама кај нас моментално игрите на среќа се стенд бај. Така да уживај си... Најбитно не е лошо...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom