... како биле албанците вработени пред 2001 по државни институции.
Ќе се обидам мое мислење да дадам, но не толку национално потенцирано.
Факт е дека Албанците беа малку застапени. Е сега, зошто? Една причина е „непотизам“. Македонците „стапиле на власт“ и вработувале свои блиски, роднини, познаници... Следно, Албанците живееле (па дури и сега го има тоа) многу потрадиционално, позатворено од Македонците. На прсти се броеле Албанките кои би излегле од домот да се школуваат, камо ли да студираат, да живеат „модерно“ за тоа време, да се „покажат“ во јавноста. Со текот на времето се менувало тоа, но многу побавно од Македонците. Сепак, „непотизмот“ и врските при вработување постоеле секогаш, до ден денешен, а тука на главните места биле Македонци.
Е сега, последниве 15-на години што се случува? Кај Албанците беше многу мал бројот на високо-образовани кадри, кои би се вработиле на повисоки работни места. И почна „штанцањето“ на вакви „кадрови“ од кои МНОГУ имаа мал квалитет, има диплома- нема знаење. Но, тоа не е се. Сега тие кадрови треба да се вработуваат. На сцена стапува партијата (на Албанците) на власт. Ако сакаш да се вработиш, мора преку неа, а тоа „повлеквит“ членска книшка, гласање за таа партија... А таа партија е речиси 100% ДУИ. Следно, треба од тие „кадрови“ да се наместат шефови, раководители, директори... Иако без знаење, прифаќаат се'. Нема проблем што „абер“ нема од науката, никакво искуство... Сите сме сведоци дека ова не е измислено, лично сум видел безброј такви „кадрови“.
Е сега, за крај... нус појавата, а тоа е мојата најголема забелешка за Груевски. Отвори (или дозволи) факултети/универзитети на кои е полесно да се положи испит, отколку да се падне, а многу придонесоа и „приватните“ универзитети, како ФОН, Славјански, оној на Мерко, за Туризам на Миленковски, итн, итн... каде што е речиси е невозможно да се падне на испит. Се' живо се стори со диплома па вмровци се накотија на „раководителски“ места (со дипломи) без „акал“ во главата. Паралелно, соодветни „кадри“ Албанци константно се вработуваа(т) „на државно“. Кога северџаните (тогаш не беа) дојдоа на власт во 2017, многу од нив си зедоа дипломи од „петпарачките“ факултети, па членството во партијата си го искористија за директорско место (со диплома в рака).
„Одозгора на тога“, овие „високо образовани кадри“ се стекнаа со магистерски дипломи, а „бога ми“ и со докторски. Ние кои крв проплукавме за да завршиме факултет, останавме на ниско образовно ниво, без магистратури...