Зошто би бил според тебе таков конфликт невозможен?
Не сум некој експерт за геополитика, ова е чисто мое субјективно мислење. Мислам дека геополитичките околности во регионов тогаш и сега се каде-каде различни. Тој период беше свеж повоен период, косовските воени бригади не беа расформирани, наоружени до заби со горе-долу герилци кои што искусиле војна на Косово. Фокусот на цела меѓународна заедница, ЕУ, Нато, САД, беше насочен се уште тука. Имаа целосна нивна поддршка, логистичка и материјална. Во тоа време Америка беше неприкосновен економски и воен хегемон, Русија никаков фактор, Кина економија во подем, ЕУ во споредба со сега во каде-каде поизградена геополитичка и економска позиција.
Во моментов околностите се сосема поразлични. Еу се поизвесно е дека Западен Балкан ќе го пушти по вода. Ова е веќе мултиполарен свет, различен од оној пред две децении. САД со политиките на Трамп се повеќе се ориентираат кон внатре. Едноставно регионот не е повеќе во светскиот фокус. Сегашните генерации албанци не сум баш сигурен дека би гниеле во некој ров и би се криеле по планини. Го немаат баш ни тој грб од Западот како што нам ни се чини. Гледајте само што се случува со Косово.
Нашата стратегија требаше да биде едноставна, чекај и не прави ништо, одржувај статус кво. Требаше се да остане на рамковниот договор, да не се мрдне ни милиметар од тоа што е негова содржина. Геополитичките околности од година во година се менуваат, нема вечно да бидат Амерички миленици. Денот кога САД ќе ги пушти по вода ќе биде многу непријатна работа да се биде албанец на Балканот.