Мене обично ми траат епизодите 1-2 месеци. Со сите видови на халуцинации аудио, визуелни, олфакторни, тактилни па и вестибулаторни само сум немал густативни. Ми се повторуваат од на 4 до 24 месеци, сега сум немал 10 месеци. И се надевам дека нема веќе да имам. Во меѓувреме на психотичните епизоди некогаш ме факала анксиозност, страв, депресија а некогаш се е 100% нормално, како например сега. Значи може да се имаат епизоди а меѓу нив се да е нормално ама немора. Може дури и само еднаш да се има епизода па после никогаш да не се повтори. Инаку можно е и под терапија да се има епизода...но можно е поради тоа што се намалила терапија или не е земана редовно или имало некоја тригер ситуација или е земана некакава „дрога“ а, можно е и чиста мира што е ретко но, не и невозможно.
Кафе е ОК нема ништо посебно лошо во него освен ако немаш проблеми со анксиозност, Марихуана НИКАКО, Мене ми тригерувала епизоди, истотака никако Алкохол не оди со антипсихотици. Само Кафе и Цигари може а иделано ништо, битно е уредно спиење, јадење, физичка активност, социјализаци и останата физичка и ментална хигиена.
Уште еднаш ќе нагласам Марухуана НИКАКО!
Инаку обично не даваат Халдол се смета за застарен лек но сепак може, кај нас најчесто се лечи со Рисперидон, Оланзепин или Арирпризоле...во поретки случаи Празине. За несакани ефекти од Антипсихотици се зема Мендилекс (Биперидин) ама делува само на мускилни ефекти од Антипсихотиците, како вкочанетост, тресење на раце и случно. Исто така вообичаено е да се даде и седатив во терапијата. Инаку ако е можно и лекари се согласат може и депо инекција антипсихотик кај нас го има само Рисперидонот, депо инекција има помалку несакани ефекти од орално земање на антипсихотик. Истотака мислам дека е подобро од поновите антипсихоти обично имаат помалку нусефекти а ефикасноста е иста. Битно е да се знае дека антипсихотиците делуваат на позитивнтие симптоми на психозата на негативните во главно немаат ефект за што треба психотерапија најчесто.
Од седативни обично одат стандарните, Диазепам, Лорам, Хелекс и треба да се види кој највеќе одговара. Некој комбинираат и антидепресиви со ова ама тоа е обично ако има и други болести и не е чиста параноидна шизофренија. Можно е дури и стабилизатор на расположение да се зема (мислам дека тоа се антиепилптици) како Ламотригин и Валпроат, но се даваат кај брзи промени на расположени и на состојби од психотичен спектар кој се поблиски до биполарно растројство. Ама за се ова со психијатар...Не се земаат совети од интернет.