Ги сакам тие кои се стремат кон совршенство, но ги мразам тие кои се сметаат за совршени.
Совршенството, иако не постои, ниту некогаш ќе постои, е цел кон која се стремиме. Ако не се стремиме кон совршенство и подобрување на нашиот животен стил, уште ќе мисливме дека живеењето во пештери е кул. Иако мрчиме дека дека никогаш нема да бидеме совршени, не сфаќаме дека ден со ден, нашиот животен стил (барем во одредени аспекти од нашиот живоет) се подобрува. Баш како тиа графоите во математика како се викаа...кога се приближува кон 0 или кон 1, но никогаш не може да ја има таа вредност. Така и ние, можеме да бидеме секој ден, се поблиску до совршенство, но да бидеме совршени во буквална смисла на зборот, никогаш.
Ако не за друго, туку ради нашиот индивидуализам. Совршенството бара колективитет и зедништво, барем ако се стримиме кон совшренство кое ќе биде општо прифатено од целото опшетество.
Нашите доблести се нашите најголеми недостатоци.