Здраво дечки, имам прашање во врска со Голф 6, 1.6, фабрички бензин-плин...
Проблемот е што при успорување во лер, се слуша звук од менувачот, поточно диференцијалот, звук како крива или небалансирана гума, нешто како туп-туп-туп... Додека колата успорува, претпоставувам звукот е присутен и во поголема брзина, и е манифестиран како зголемена бучава во кабината, односно како оној звук на ефтини или истушени гуми, и не може да се одреди дали баш доаѓа од тркалата или од диференцијалот.
При проверка на мајстор, при подигнати тркала, тркалата не се движат лесно и се слуша звук на метал на одреден момент при завртување. Дијагнозата на мајсторот беше дека диференцијалот е оштетен, односно "тркачите" на истиот, и во принцип се менува цел менувач. Да напоменам дека возилото има масло во менувач, влече одлично, менува брзини одлично, потрошња нормална, моето чуство дека нешто не е во ред колата е дека имам небалансирани гуми...
Проверката е направена кај двајца мајстори, и двајцата претпоставуваат дека е диференцијалот. Како и да е, се обидувам да најдам половен менувач, но се прилично ретки...
Така што имам две прашања..
1. Дали е опасно да возам во таква состојба додека не најдам менувач.
2. Дали знаете дали може и каде да се репарира или подобро е комплет (нов) половен диференцијал/мењач