Кај сите коли со погон на сите тркала......најдобро е да се проба преносот на лице место. Најчесто се јавува луфта кај диференцијалите(три ги има). Луфтата се осеќа на нагло давање на туража а посебно при нагло одземање на туража. Тогаш се осеќа дека има прекин во дистрибуцијата на снага и се јавува онај метален звук-,,ѕанк,,
Ако нема сецкање во преносот....треба да е добар
Ова важи и кај колите само со една влеча....се јавува истиот звук, но овде бидејќи се три диференцијали, уште повеќе се јавува ефектот
Ако ,,не те боли срцето,, можиш да го направиш тестот со забрзување. Тргнуваш со што повеќе шлајфка но на прав пат и со воланот право. После тоа паркирај се и види дали предните тркала имаат иста должина на трагата од гума и исто и со задните
Треба предните тркала да остават исти траги, исто и задните. Ако некоја трага е доста различна лево-десно, тогаш има проблем со тој диференцијал