Накратко процедура за купување кола од друг град и пренесување на сопственост/таблици/сообраќајна, со какви таблици се вози до другиот град и слично...И дали може се тоа во еден ден од сабајле до вечер да се заврши?
Може.Процедурата е следна.Одиш во градот каде што сакаш да ја купиш колата,се договараш со газдата каде да се најдете,и правиш детален визуелен преглед на колата,ако ти се бендисува ја купуваш.Сите документи да ти бидат на лагер,лична карта,возачка парите итн.Е сега,прво,треба да имаш купопродажен договор,ако го немаш,ќе си платиш 400-500 денари. кај некој нотар,да го завери тој договор,потполнуваш име презиме,сите твои податоци.Потоа,одите во полиција,да ти ги одјават таблиците.Бидејќи немаш веќе таблици,да не вадиш пробни да даваш 1000-2000 за саат-два,оди си дома со колата,и после по автобус врати ги таблите,бившиот газда ќе ги врати во полиција,и ќе си ја одјави во АМСМ или Здружение.За одјава се плаќа околу 500 денари,али тоа бившиот газда ќе си плати,ти не даваш ни денар.Идеш во градот каде што живееш,ако не е регистрирана ја регистрираш,а ако е регистрирана си вадиш нова сообраќајна и нови таблици.Поарно префрлањето на твое име да го направиш веднаш,бидејќи од каде знаеш бившиот газда каде ќе биде по истек на регистрацијата.И гледај доколку ти е сумлив нешто барем броевите на сообраќајна да се поклопуваат со моторот и шасијата.Еден познаник зеде Пунто,и може 1 месец неможеа да ја најдат во Скопје,имало некој проблем со документите.Само очи отвори си.Што кола сакаш да купиш?Од кој град.Ако сум испуштил нешто,или ако има нејасно казвај.