Сигурен си? Нема некоја врска ова?
Дел од осигурителните компании предлагаат зелениот картон да важи од моментот на издавање до следното регистрирање на возилото, за да се премости проблемот што се јавува на стартот на поевтинетиот зелен картон.
- Преку Националното биро за осигурување го доставивме предлогот до Владата со кој би се избегнало целосното плаќање на цената за годишен зелен картон. Со ова фактички би се користел пократок период, во кој на граѓаните ќе им се овозможи да платат за онолку дена колку што ќе им важи картонот. Во пракса ова би значело, ако полисата ви важи, на пример, до први октомври 2012, а вадите зелен картон на први ноември годинава, ќе платите само 210 дена, односно околку 35 евра, а не 60 евра - објаснуваат од осигурителните компании.