Ники од Валандово
, еве го решението за тебе, илустрирано:
Коцката ја сечеш (или некој добар лимар, поарно), па се прави од картон шаблон како треба да изгледа парчето кое треба да се скрои, се сече такво ново парче, и се лепи.
Секако, прво ќе го обработи местото, т.е. ќе го ишмиргла, ќе го измазни убаво...да нема некои остатоци од корозијата...
И, обавезно да се среди, ако има нешто гнило кога ќе се отвори местото каде е сега дупката, т.е да нема оздола некој гнил лим. И тоа обавезно да се среди.
Другите заокружувања се најверојатно корозија во почетен стадиум, само површинска која треба до гол метал да се струга и да се заштити како што погоре објаснив.
Секаде каде што се работи, МОРА после убаво да се заштити, а претходно НЕ СМЕЕ НИКАДЕ да остане ни најмал траг од корозија...оти за година - две пак ќе се развие.