Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Значи според тебе да не одиме во свој вкус туку по вкусот на мнозината, бидејки ако мнозината возат еден тип на автомобил и за него право има и мајстор и делови. Пријател јас не сум тој тип.
Јас само ти дадов мислење. Речи дека тоа што го кажав е грешно, лошо размислувам и слично. За вкусови и типови на луѓе не дискутираме тука... таквите теми се за во општи муабети или љ&с.

Инаку има преставништво на SAAB во Македонија али не знам кај, имало сајт али не работи нормално во Македонија
Аха... и недај боже да ти притреба. И недај боже да живееш (пример) во Прилеп...

и многу малку луге знаат оствари што автомобил е SAAB.Јас отворив и друга теме бидејки малку ме разубедивте за SAAB-от но кога ке го погледнам SAAB 9-3 2003 година и споредам со Ford Mondeo или Opel Vecta C исти години, некако не ми се еднакви во се, освен во моторот со Opel Vecta C.

П.С. А тоа дека SAAB се вози од луге со стил е друга приказна.
Епа најверојатно луѓето со стил најверојатно малку ги засега колку ќе чини одржувањето на нивниот миленик. Така да ако имаш намера одиш во овластен сервис еднаш годишно на проверка и промена на дотраените потрошни матерјали без да се секираш за сметката, дури и најевтино возило ќе те служи 50 години.

Прашањето е дали си ти еден од таквите, и дали можиш да си го дозволиш тоа?
 
Член од
11 декември 2010
Мислења
408
Поени од реакции
210
Ќе спомнеш ТСИ мотор на Фолксваген (или фирмите-ќерки) - е, се расипувала турбината на 20-30 илјади, сервисите биле полни Голфови со ТСИ мотори. А, тие мотори се вградуваат во стотици илјади возила продадени низ цел свет. КИА е постојано при врвот на сите истражувања на квалитет во последните години - е, требало ремонт после илјада и нешто километри. Што е ова, клетви да не им фрлаат на колите овде? До во`ата ли е, до ваздухо ли е?
Види тоа е мое мислење за KIA и несакам да навлегувам во дебата, зборам од мое искуство што сум го имал со таа кола, можда не некој му се погодила, верувам дека на повекето им се погодила KIA-та али јас не би земал KIA.

Туку, да не сум пак оф-топик, не ја пропуштајте Top Gear оваа недела, ќе имаат специјален сегмент посветен на СААБ.
Баш ке ја гледам и се надевам дека Џереми Кларксон ке изеде нешто г**на, како и секогаш за секој еден автомобил освен тие што е во неговиот приватен возен парк :).Него шала на страна, искрено добра емисија , човекот прави шоу ама само шоу ја искрено не го свакам здраво за готаво.

Јас само ти дадов мислење. Речи дека тоа што го кажав е грешно, лошо размислувам и слично. За вкусови и типови на луѓе не дискутираме тука... таквите теми се за во општи муабети или љ&с.
Не ми беше намерата да се навредиш во секој случај се извинувам.

Аха... и недај боже да ти притреба. И недај боже да живееш (пример) во Прилеп...
Во Скопје има претставништво но не знам кај во Скопје ;)

Епа најверојатно луѓето со стил најверојатно малку ги засега колку ќе чини одржувањето на нивниот миленик. Така да ако имаш намера одиш во овластен сервис еднаш годишно на проверка и промена на дотраените потрошни матерјали без да се секираш за сметката, дури и најевтино возило ќе те служи 50 години.

Прашањето е дали си ти еден од таквите, и дали можиш да си го дозволиш тоа?
Види и Mercedes-Benz не е за сите ако сите одат во овластени сервисери.

ака да ако имаш намера одиш во овластен сервис еднаш годишно на проверка и промена на дотраените потрошни матерјали без да се секираш за сметката, дури и најевтино возило ќе те служи 50 години.
Така треба сите да бидеме, али јбг Македонија е сиромашна држава со стил на живеење.;)
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Не ми беше намерата да се навредиш во секој случај се извинувам.
Не ме навреди, и не треба да се извинуваш. Муабетот е, за вкусови не се дискутира... по нив се плука. Така да секој со сопствениот избор.

Види и Mercedes-Benz не е за сите ако сите одат во овластени сервисери.
Така треба сите да бидеме, али јбг Македонија е сиромашна држава со стил на живеење.;)
Е така, пошо не се мирисаме многу со овластените “дерачи“, идиме до момент дека не само Мерцедес... туку 90% од возилата постари од 3 години ретко посетуваат овластен сервис во Мкд. Така да Ауди, БеЕмВеа, Мерцедеси стари по 4-5 години се наоѓаат по гаражи кај локални квази мајстори кој шо купиле систем за дијагностика... затоа и ти го пишав тоа погоре, ако бараш делови на старо за СААБ тешко се наоѓаат.

настрана од ова. Ако сааб-от ти прави мерак, земај го не се думај ич. Конкретно мене, мерак ми правеше Мерцедес 123/115 или некој постар, поголем (башка уникат, нејќам во градот да има 500 исти возила)... и си зедов 123-ка, си ја направив од 0. Иако за истите пари можев да возам Ц класа од 1995 пример, јас возам возило од 1978. И 5 пари не давам шо мисли некој друг за мојата одлука, а имаше миљарда коментари од типот: абе шо ќе ти е, старо возило, од 90 не оди појќе, не пали на ладно, нема клима, тинтири, минтири ехееее...

Мој ќеф, мој пари, моја одлука, мое уживање :)
 
Член од
11 декември 2010
Мислења
408
Поени од реакции
210
Е така, пошо не се мирисаме многу со овластените “дерачи“, идиме до момент дека не само Мерцедес... туку 90% од возилата постари од 3 години ретко посетуваат овластен сервис во Мкд. Така да Ауди, БеЕмВеа, Мерцедеси стари по 4-5 години се наоѓаат по гаражи кај локални квази мајстори кој шо купиле систем за дијагностика... затоа и ти го пишав тоа погоре, ако бараш делови на старо за СААБ тешко се наоѓаат.
Така е во Македонија за жал, сите сакаме добра кола а не сакам да даваме пари за квалитетна одржавка на неа.

настрана од ова. Ако сааб-от ти прави мерак, земај го не се думај ич. Конкретно мене, мерак ми правеше Мерцедес 123/115 или некој постар, поголем (башка уникат, нејќам во градот да има 500 исти возила)... и си зедов 123-ка, си ја направив од 0. Иако за истите пари можев да возам Ц класа од 1995 пример, јас возам возило од 1978. И 5 пари не давам шо мисли некој друг за мојата одлука, а имаше миљарда коментари од типот: абе шо ќе ти е, старо возило, од 90 не оди појќе, не пали на ладно, нема клима, тинтири, минтири ехееее...
Мене ми прави много кејф секој тип на SAAB ја би зел бензинец со 200+ коња али потрошњата и слични ствари ду*ат риби, инаку да, не сакам да имам автомобил кој ке го има на секое ќоше, така е со мојот Голф, btw од Гевгелија сум и кога го зедов јас Гофот во тоа време, имаше само 4 вклучувајки ја и мојата, и ми правеше кејф, сега мометално има 100, не дека сите имаат таква па ја менам туку едноставно ми е преку к*р од Германски коли, а да SAAB-от прави кејф како прво го нема не само во Гевгелија туку не знам ни во Македонија дали има многу SAAB-ови, плус тоа колата е уникат и екстериер и ентериер, да не напоменувам од опрема па се до ... е во топ форма.Инаку јас до дека живеев во Германија возев таков Мерцедес само со 2,8 и 177 коња, па да им покажеш на тие што ти збореле дека не оди повеке од 90 да видат како изгледа кола од 1980 да те ишиба и ...
 
Член од
6 јануари 2008
Мислења
1.907
Поени од реакции
726
Мислење за Пежо 206 1.4 хди од 2004 година?Тој вика дека има 60-65.000 поминато,тука купено.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Така е во Македонија за жал, сите сакаме добра кола а не сакам да даваме пари за квалитетна одржавка на неа.
Е јебига, тоа е... кога би имал доволно би дал. Ама од една страна (си викам дека) немам, од друга страна и да имам ќе ги дам во нешто друго (куќа, двор, клима за дома, компјутер, биро... ) шо ми се гледа ко попотребно. Колата, ем ќе ја земиме на старо, ем ќе ја крпиме дури можи.

Мене ми прави много кејф секој тип на SAAB ја би зел бензинец со 200+ коња али потрошњата и слични ствари ду*ат риби
Секој ќеф се плаќа... прашање е дали ќе го платиш сега или после :)

SAAB-от прави кејф како прво го нема не само во Гевгелија туку не знам ни во Македонија дали има многу SAAB-ови, плус тоа колата е уникат и екстериер и ентериер, да не напоменувам од опрема па се до ...
Ако земиш СААБ баш ме интересира шо мислење ќе ти се оформи по 2 години експлоатација на возилото...

Инаку јас до дека живеев во Германија возев таков Мерцедес само со 2,8 и 177 коња, па да им покажеш на тие што ти збореле дека не оди повеке од 90 да видат како изгледа кола од 1980 да те ишиба и ...
Добро, мојот е 240 d со 66 кс... шознам, имав пред него Ескорд 1.8 д со 60 кс, Мерцедесот ем е потежок, ем е подобар на забрзување, максимална и двата се тука некаде околу 160... така да тој шо вика дека мерцедесот неоди појќе од 90, нека дојди да го повозам.

Инаку, имав и таков 123-ка (т.е. татко ми го имаше, во то време јас се возев на задно седиште), пред едно 15 години... 2.8i, 6 цилиндри реден мотор со свеќичките одозгора и електронско вбризгување на гориво (поновиот модел, 136 kw)... носеше ознака 280 Е а беше луда машинерија. Чувството од “лепењето за седиште“ уште ме држи :) Замина во процесот на купување на куќа, а тој шо го зеде одма го напрај 300 D.

Да можам да најдам таква машина во здрава состојба состојба комплет сосе палење :cuc:, знам шо да прам.
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.013
Мислење за Пежо 206 1.4 хди од 2004 година?Тој вика дека има 60-65.000 поминато,тука купено.
Форд Фиеста 1.4 TDCi е подобра кола. Во такво Пежо се имам возено, премногу вибрации се чувствуваат од дизел моторот - барем за мој вкус.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Mи треба радио код за Цитроен Ксара 2.0 може ли да се најде по нет код за тоа радио.. информациите на радиото се следни..

model PV-2380C(D)
SERIAL no. CLO5O210054518

CLARION RD3-00 96
466555ZLH1100903C
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.832
Поени од реакции
2.927
па,мора да имаш проспектот за цитроен,тоа што е фабрички што иде заедно со кола кога се купува,таму мора да пишува кодот;)
како на мојата кола што го има NEXIA:)
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
па,мора да имаш проспектот за цитроен,тоа што е фабрички што иде заедно со кола кога се купува,таму мора да пишува кодот;)
како на мојата кола што го има NEXIA:)
Го нема ваму брат :( Колко што разбирам Француски :)
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.832
Поени од реакции
2.927
Го нема ваму брат :( Колко што разбирам Француски :)
тогаш тешко е да се најде преку интернет обично се пребарува бројот на сериско производство на цитроенот и преку нив ќе се бара кодот на радиото,ама не верувам и втората алтернатива помини официјален сервис на цитроен и побарајте кодот,ама тоа ќе чини и третата алтернатива отараси го старото радио и купи си ново радио со подршка мп3,УСБ приклучок и CD диск кое чинат од 4000 до 12000 денар.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom