Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
Здраво моторџиски народе, вака ми треба некој предлог за кола (нова до 10 илјади евра) фала однапред (јас искрено сум тапа од коли):smir:.
па, основна врезија на пунто, а ако фрлиш уште 500-1000 ќе земеш со малце опрема, или основна корса, клио,207 и така. калос фулка е околу 9500, ем ќе ти останат 500 евра да ме частиш нешто. или спојлерче да си стаиш -))
иначе, основните сеа идат со некој додаток... ко серво обавезно и електрика напред. ваљда. неам прошетано за сигурно да ти кажам.
иначе, најубаво ти е да си ги прошеташ салоните, и да пишеш цени за колите и нивна опрема, па ние да ти дадеме совет. пошто кога одиш таму, те примавуваат со некое попустче или + опрема.
ама за 10000, ја би зел основно пунто... мада, калосот ќе ме копка.
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585

фала:smir:
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Ако си во голема дилема, мислам треба да го видиш и Поло-то... Инаку прошетај по салоните, научи цена а има ваква тема (слична) за купување автомобил до 8.000 евра. Одма ке ја преправиме да биде за 10.000 па ке видиш што ке ти препорачаат форумџиите :)
 
Член од
20 март 2007
Мислења
189
Поени од реакции
4
a da napravis i za na staro do 10000 evra:) Pa da sporedi. Ja da imam 10000 evra bi zemal na staro od 2001 god i toa top kola
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Нико, ново си е ново старо си е старо. Колку сака нека е топ, најубава кола е нова кола :) Старото се знае, не си прв газда незнаеш колку поминала колата ниту каде е возена и каква е. А новата си ја вадиш од салон, стварно губиш на цената ама знаеш дека како што ке си ја чуваш ти никој нема да ја чува.
 
Член од
20 март 2007
Мислења
189
Поени од реакции
4
Abe vo pravo si. Ama jas pre bi vozel Audi A4 ili Passat otkolku Punto. Ali jbg novo e novo
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Абе ако би се прашувал јас... За 10.000 евра би земал Мерцедес Е класа од 96-та... Бар ке возам кола не играчка како Поло, Фиеста, Пунто.... И озбилно да имам толку пари за возило, знам кој ке го земам. Има еден бт бел, многу кеиф ми прави е300 турбоДизел... али јебига се задоволувам со Форд Ескорд караван :)

Кој еднаш се возел во возило, да има трокрака ѕвезда на хауба... Тешко дека ке се навикне на друго.
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
И јас би играл како Џиш, само како за секоја кола купена на старо, однеси ја предходно на преглед кај некој саглам мајстор.
Инаку мене и 4 круга ми вршат работа:)
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Ќе ја биде нова за стара не ни станува збор, новото си е ново, и и матиз да е нов ќе биде барем 5 години нема да легнувам под моторот.
 
Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Помош за кодиран клуч

Ако може да ми се помогне ,плис (не од кола во вир туку ве молам :) ) ,

колава е со кодиран клуч и кај овластениот сервисер ми бараат 50 евра да си направам копија.

Дали постои неовластен сервисер за таа работа и колку многу поевтино би било ?

:uvo:
 
Член од
22 јуни 2007
Мислења
34
Поени од реакции
0
Ако може едно прашање од мене... Што е разликата кога ќе се каже кола од од 1300 cm3 а има 95КС или пак кола од 1200 cm3 а има 150 или 200 КС (КС - коњски сили), нема ли некој сооднос помеѓу тие две работи коњските сили и кубикажата..?
 
Член од
16 август 2007
Мислења
35
Поени од реакции
1
Konjskite sili oznacuvaat kolkava sila ima motorot, dodeka kubikazata oznacuva kolkav e volumenot na motorot, odnosno kolku vozduh moze da sobere vo site cilindri.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Ако може да ми се помогне ,плис (не од кола во вир туку ве молам :) ) ,

колава е со кодиран клуч и кај овластениот сервисер ми бараат 50 евра да си направам копија.

Дали постои неовластен сервисер за таа работа и колку многу поевтино би било ?

:uvo:
Вака сега... Кодиран клуч поновиве возила имаат сите. Тоа е за заштита од кражба. Ако ти бараат тука 50 евра, во грција ке ти бараат 30. Има мастер клуч од кој може да се изработи кодираниот. Од кодиран копија можат да ти направат ама обична. Во секој случај ако направиш обична копија ке те кошта некаде 10-15 евра, ке можеш да ги отклучуваш/заклучуваш вратите, нема да може да стартова моторот. А гледам нешто вир спомнуваш... што се деси со клучот? Го изгуби?

@Вино... Бељабагер добро ти објаснал, јас само ке го надополнам. Тој мотор што е 1.3 со 95 кс, е далеку поиздржлив од онај 1.2 со 200 кс. Инаку мислам дека тие 1.2 мотори се ванкелов, што се вградува во Мазда рх8, така да немој да те лажи кубикажата. Тој мотор и ото мотор (оние што се стандардни во возилата) треба да го споредуваш со 2.8
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Ако може да ми се помогне ,плис (не од кола во вир туку ве молам :) ) ,

колава е со кодиран клуч и кај овластениот сервисер ми бараат 50 евра да си направам копија.

Дали постои неовластен сервисер за таа работа и колку многу поевтино би било ?

:uvo:
1. да си платиш 50 евра.
Кај некои со мастер клучот се прави копија со код, а кај некои само во сервис со картичката од колата кај стои кодот (бар код покриен со фолија кој не смееш да го гребеш)

2. Поефтина опција:
Си најдеш квалитетен мајстор кој има и компјутер во сервисот, и се занимава со дијагностика.
Истиот го вади декодерот, средува во компјутерот и ја возиш колата со нормална брава, без декодер.
Е сега нема да имаш заштита, а ќе те фати доста поефтино.

3. Користи си го резервниот клуч :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom