Разгледав некои од овие модели и заклучив дека фиат панда е малку тесна, фиат пунто , нема никаква опрема во стандардната верзија дури ни серво волан, хјундаи и10 е некако многу мало и се некако во ум ми влезе шевролет авео, има најголем комфорт од овие. Поентата е што несмеам да го надминам овој буџет од 7500 евра, затоа што за дел овие средства имам земено кредит. Така да ке ги разгледам уште цитроен ц1 (ама ме замисливте со тоа што викате дека се регистрира само за четири патници ) и пежо 107 , мада и овие ми изгледаат доста помали од авеото. Ме интересира тоа што викаат дека моторот на авеото е од опел, а секаде сретнувам дека моторот бил тиња, нечинел и сл. , има некој некое објаснување ?
Вака сега, Авеото има поголем комфор бидејќи спаѓа во повисок сегмент, Авеото припаѓа на Б сегментот (во ист сегмент / класа е со Фиеста, Поло, Корса ...).
А овие Хјундаи и10, Фиат Панда, Цитроен Ц1, Пежо 107, Тојота Ајго, Киа Пиканто ... спаѓаат во најмалите автомобили односно А сегмент.
Е сега ако сакаш поголемо и покомфорно возило од Б сегментот тогаш Шевролет Авео е одличен избор, покомотен е од тие што е во А сегментот.
Авеото за таа цена 7.300 има добра опрема: клима, серво волан подесив по висина, електрика на предни стакла, воздушно перниче, светлата подесиви по висина, централна брава ...
А и плус убаво изгледа однадвор и одвнатре е солидно.
Јас до 7.500 би идела на Авео.