Друже може да е од воздух ако баш околу сензорот за температура има воздушен џеб. Во ваков случај ако до сензорот не допира антифриз, обично истиот кажува дека моторот е поладен него што e во реалност.
Проблемот е воопшто што не треба воздух да има антифризот, рачунај дека ако има воздух може да има некаде и во моторот или главата, па истата да не се лади како што треба. При појако газење може да се искриви или прсне.
Не знам дали има твојата кола штрафчиња за испуштање воздух, постарите (особено францускиве) сите имаат, кога се менува антифриз треба да знаат тие што менуваат како се испушта воздух ако има штрафчиња.
Друга опција е да се проба со нешто вакво:
Прегледај го приврзокот 273131
Колата треба со ваква инка да работи и добро да загрее, ако има воздух ќе го исфрли 100 % бидејќи нивото во инката е највисоко, а воздухот во течност секогаш оди нагоре.