Ај да прашам. Имам проблем со ПК каишот ми го кине делка на едната страна т.е. едниот канал по должина е скинат..испрекинато не по цела должина.Ова е трет пат за кратко време,првите два пати ги скина по должина..и откривме дека е до шајбната на алтернаторот.Тоа беше пред три месеци сега пак постепено струже некаде и по малце кине. Што би можело да биде?
Веројатно не се шајбните во една линија, некоја е понапред или поназад од другите. Ако се има вадено алтернатор или пумпа за серво, итн. можда не е наместено назад како треба. Има на некој мотори како подметачи, шајбни за во линија да дојде ама мајсторите забораваат да ги стават овие назад или ги губат...
Доволно е милиметар, неприметно за око да не се во линија за да го кине каишот, сеа не одма за брзо време.
Се средува ама ти треба добар мајстор што ќе знае да измери кај е проблемот.