Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
поздрав до сите вас.ме интересира дали некој имал искуство(позитивно или негативно) со пасат од 2000 год.тди,оти планирам да земам.можеби и да трампам ксара 2000 год,плус извесна доплата.Ако има некој некакво сознание кажувајте.:salut:
А колку ке доплатиш? Мислење мое ти е ова. Ако Ксарата ти е купена од продавница и си прв газда немој да ја менуваш за “мачка во вреќа“, бидејки не знаеш што ке земиш.
 
Член од
19 април 2007
Мислења
31
Поени од реакции
0
треба да доплатам 3000 евра.бараат 4000 евра,ама би требало да стасаме до 3000 евра со повуци потегни.јас сум прв газда на ксарата и дечкото е прв газда на пасатот.најубаво ќе биде како што рече Пелистерка:носење во ПОрше и нека кажат што фали што не фали.СЕ надевам дека ќе побараат некоја пристојна сума за прегледот.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.118
Поени од реакции
11.648
Многу пари не се тоа за таква трампа? Сепак, не баратам со денешниве цени, ама 3 илјади ми стојат некако многу, не знам.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Па Пасатот како што сум запознаен вреди околу 10.000 евра, а Ксарата појма немам. Сигурно ја цени некои 7.000 евра па бара 3.000 доплата. Колку е ова реално...
 
Член од
19 април 2007
Мислења
31
Поени од реакции
0
Па Пасатот како што сум запознаен вреди околу 10.000 евра, а Ксарата појма немам. Сигурно ја цени некои 7.000 евра па бара 3.000 доплата. Колку е ова реално...
_____________

Мислиш дека многу бара или?
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Па ти треба да знајш колку вреди ксарата и колку би ти се исплатела таква замена. А што опрема имаа возилата?
 
Член од
19 април 2007
Мислења
31
Поени од реакции
0
мојава не е многу опремена(централна со далечинско,аларм,пионир со 4 звучници,нови гуми),и немам нешто друго со што би се пофалил.Освен дека ми е домаќински чувана.А пасатов има се и сешто.Климатроник,воздушни перничиња,електрика на сите стакла,има спојлер(макар не ми значи тоа многу) електрика на ретровизори и други некои тракатанци.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
јас за 7 години стара кола не би давал за 3000 евра во замена за друга кола, точно е дека добиваш класа погоре и дека пасатот по сите статистики е со многу подобар квалитет од ксарата, ама пак мене не ми е јасна поентата во продавање стара кола и давање многу пари за да купам стара кола.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.118
Поени од реакции
11.648
Морам да се согласам со Бацилиус, има право. Старо си е старо.
 
Член од
18 август 2006
Мислења
325
Поени од реакции
4
Ај ако може да кажете дали во Скопјево има некој асален сервис за Rover? Само не го спомнувајте МакКар. За информација, треба да се види моторот на Rover 620 SDi.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Шо мака има моторот? А си го носел во МакКар? И искуство...
Инаку вујкоми имаше Ровер 460 DI. Па крај неможеше да му најди и на крај така го даде колку да се куртули од него.
 
Член од
18 август 2006
Мислења
325
Поени од реакции
4
Работата е што грее. Го носев во МакКар и рекоа дека е или дихтунгот или главата на моторот. Работен час им е 25 евра. Можеле само да заменат глава и ништо друго. Старата глава ја испраќаат во Англија, а носат репарирана, затоа што нема нова и ќе чини 2 100 евра плус работна рака, а тоа ми е way off my possibilities.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Де бре... за 400-500 евра ке промениш цел мотор, а генералка комплет се да го направиш би те коштала некои 700 евра.
А греењето немора да е од главата...

Вака прво. Дали грее на рамно и низ град? Дали чади многу кога е оптеретен? Дали си пробал да го измиеш ладилникот еветуално да не е затнат надворешно? Или аддниме на мсн па ке ти објаснам повеќе...
 
Член од
18 август 2006
Мислења
325
Поени од реакции
4
Ако е толку за генералката, одма се нафаќам.

Кога беше многу жешко овие денови грееше и во град, не дај боже клима да уклучев. За чадење, чади. Ладилникот е измиен комплет заедно со саќето и немаше подобрување. Во зима не грее, ама нема сила за влечење по угорница. Некои ми велат дека и турбото е цркнато. Рено 4 ме претица на рамно пред една недела, срамота.
 
Член од
1 март 2007
Мислења
56
Поени од реакции
1
Ете ќе речи човек BMW инжењери го правеа моторот...

Ако се работи за главата на моторот...до сега требаше да го има изгорено дихтонот како што кажуваш долго време си го возел така.

Бидејки е 2000 кубика ...и без турбо треба да имаш доволно моќност да не те претица Рено 4 :)

Најубаво е да се измери прво компресијата на моторот, бидејки кај дизелските машини тоа е душата на системот, провери како оди потрошувачката на масло може да е некоја карика.

Значи провери (кај било кој мајстор)
1) Дали дихтонот меѓу главата и блокот е изгорен односно тоа беше знак дека некогаш си ја возел колата без стегната глава (може да бил моторот правен ремонт...немора којзнае како ама доволно да биде извадена главата)
2) Провери пред тоа како троши масло
3) Провери компресија

Што се однесува за турбото, турбото баш го загрева повеќе моторот особено ако немаш интеркулер (затоа и се става интеркулер)...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom