Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Се одлучи да го продаваш Голфчето а? Па цената од кај 1.200 до кај 1.400 евра во зависност од тоа какви се гумите, регистриран/нерегистриран и наравно дали му се даваат на тој што го гледа пари или сака да ја лапне за безпари па наоѓа 1 тон маани да ја урни цената.
 
meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.044
Поени од реакции
1.169

Е па крајно време беше да се одлучам :) Не е регистриран.. а сакав да го однесам на авто пазар.. да видам како ќе се движи цената.. Ќе размислам што ќе правам.. да го регистрирам или да пробам да го дадам вака.. а цената како што викаш ти од 1200 до 1400 не е лоша..
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Па би ти рекол дека нерегистриран ти е поарна опција (само неможиш да го возиш многу пошо ако те фатат лошо е)... Ке намалиш на цена за регистрација (200 евра) и толку. А можи пр. 1 година да не го дадеш и повеќе... Регистрацијата полека полека минува а ако не го возиш џабе фрлени пари.
 
meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.044
Поени од реакции
1.169
Па би ти рекол дека нерегистриран ти е поарна опција (само неможиш да го возиш многу пошо ако те фатат лошо е)... Ке намалиш на цена за регистрација (200 евра) и толку. А можи пр. 1 година да не го дадеш и повеќе... Регистрацијата полека полека минува а ако не го возиш џабе фрлени пари.
Мислам дека би било подобра опција за мене регистриран.. го возам а ако ме фатат ќе платам казна :).. а и на авто пазр неможам да го однесам вака.. Ќе размислам уште малку.. и фала на информациите..
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Од татко ми наследство во мои раце стаса DACIA 1310 caravan. Аутото е во прилично добра состојба за 18 годишник со поминати 75000км, моторот преде, ќе треба нови гуми и евентуално фарбање, но во овој момент најбитно ми е да најдам стакло за преддна десна врата.
-Има некој поим кој држи официјално делови за DACIA? Во „Новус“ не прашав, ама не ни верувам дека имаат.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Значи новиот сервис за Рено, Дачиа и Нисан е Ауто-Мотив груп. Би требало да има таму делови. Инаку новите Дачии во Битола ги продава Матиз-Кар (авто-салон кој продава Матизи, Сузуки и шознам уште што) а и повеќето се такви низ државава тешко дека има делови за овие новиве а камо ли за постар модел.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Од татко ми наследство во мои раце стаса DACIA 1310 caravan. Аутото е во прилично добра состојба за 18 годишник со поминати 75000км, моторот преде, ќе треба нови гуми и евентуално фарбање, но во овој момент најбитно ми е да најдам стакло за преддна десна врата.
-Има некој поим кој држи официјално делови за DACIA? Во „Новус“ не прашав, ама не ни верувам дека имаат.
Се ми се чини дека во некој сервис за Дачиа ќе ги имаат...Мислам дека се исти со оние од оние пикап, 2002-2003.
 
Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Гледам по темите се врти прашање за економично-правилно возење на дизел и бензин моторите. Познавателите на темата да дадат детални упатства, заедно со објаснување?
 
Член од
1 март 2007
Мислења
56
Поени од реакции
1
Вози во областа на најмногу Nm...

АКо сакаш има т.н економетри и ти кажува колку економично го возиш автомобилот. Се инсталира на секое возило.

Иако звучи чудно...ама вистинито е...
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Гледам по темите се врти прашање за економично-правилно возење на дизел и бензин моторите. Познавателите на темата да дадат детални упатства, заедно со објаснување?
Па се зависи од тоа колку ти е “тешка“ ногата. Ако знаеш да ја “цедиш“ до максимум се знае дека ке троши многу. Сепак на возачот е да најде некој сооднос со менување на брзините. Пример можеш да возиш 50 со трета и некои 3000 вртежи и со 4-та со 2000 вртежи. Разликата е само во количеството гориво што се троши.

Но ке напоменам немојте да мислите дека на ниски вртежи моторот помалку троши и ај сега ке менувам брзина на 1.500 вртежи. Напротив. Така се измачува, и за мало забрзување потребно е длабоко стискање на гаста = не ја смалуваш потрошувачката туку баш обратно се покачува, а и моторот се измачува.

А има во некои автомобили економ најчесто имам видено во BMW... Само некако ми делува непрецизно.
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Колку оди цена на Renault 19 Chamade Француско со долг гепек, 1992 производство, 1996 прва регистрација, 250 000 поминато, 1900cc дизел, во средна состојба. 2000-2500 евра доволно е?
 
Член од
1 март 2007
Мислења
56
Поени од реакции
1
Абе доволно е...ама ќе ти бараат 3000 евра сигурно...за 2000-2500 тешко...а ако го продаваш побарај 3000 евра па да го продаеш 2500...то е то...нашиот автомобилски пазар е таков
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Па барај ти горе долу 3.000 евра а и пролистај и по огласниците да видиш како се движат цените на тие возила. Ако има некој заинтересиран нормално ке спуштиш цена 100-200 евра па ке се погодите.
 
Член од
19 април 2007
Мислења
31
Поени од реакции
0
поздрав до сите вас.ме интересира дали некој имал искуство(позитивно или негативно) со пасат од 2000 год.тди,оти планирам да земам.можеби и да трампам ксара 2000 год,плус извесна доплата.Ако има некој некакво сознание кажувајте.:salut:
 
1) Провери ја целата кола...дали ќе ти фати окото...

2) Однеси ја во Порше Македонија на сервис, тие ќе ти ја прегледат се што треба. Ќе ја стават на компјутер и така.

Нема да имаш поголеми проблеми со овој тип на возило заради постоењето на сервис. Подобро плати да ти ја проверат професионалци отколку да ја пикаш главата во торба.

Јас имав искуство со 2 Пасати. Едниот ми изгледаше за супер, но екс-колегата Volkswagen (од форумот) го повози и откри дека некогаш бил чукнат (во возење при нагла туража задниот дел занесуваше и се поистави дека средниот држач заради судар неубо беше саниран), а вториот пат си го однесов на овластениот сервис и открија маана во менувачот (за среќа не многу скапа поправка) и така...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom