Здраво , дали од тука има некој земено кола од Авто Милано плацот во Скопје ? Сакам да земам од таму кола па чисто да знам дали некој купил и дали е задоволен од колата од тој плац , планирам да купам цена околу 5.000 - 6.000 евра .
јас купив лани, крај на мај мислам беше, Поло 2004/5...сами го биравме. Они даваа гоа Гаранција 6 месеци во сервиси кај што ќе праиш прв сервис...Инаку сервисот до кафеаната Мирко работи со нив, јас таму 20-на години носам нашите коли. Но приметив деја задниве години има доста коли со таблици на кој пишува Ауто Милано..значи не само прв сервис, туку му носат и коли пред да се продадат, а има и сервисирање во Гарантен Рок, ама тоа е само за мотор и менувач, покрупни сериозни работи...Јас поминав прв сервис само со масло и филтери, друго не требаше, колата е со ланче. Е после имав проблем со климата. Всушност при пробување видовме дека климата не работи. а немаше и полица за гепек. Ни симна 10%,( од 3300 на 3000) а имаше опција да симне уште 100 евра а јас да си ја средувам климата ама дојде главниот и рече не, тој ќе ја наполни а даска ќе ни донесе за гепек од Италија...Климата ја наполни ама тоа џабе беше, по 30 дена рикна климата, јас си платив, 10,000мкд, (5000мкд беше вентилаторот за ладњак) бидејќи кај коли со клима е со 2 брзини, па кога ќе се расипе првата брзина работи само на втора брзина вентилаторот и страда испарувачот на климата..
Даска не ми донесоа, немало никаде, на крај сам си најдов, тука во отпад во Лисиче, 1200мкд..
Има една друга работа кај СИТЕ половни коли донесени од странство:
1, има дизели, поволни цени, се функционира ама се извозени, доста имаа и сериозни дефекти во гарантен рок
2, има големи бензинци,може се да е ОК ама тие трошат доста
3. има возила на плин, тука е слично како дизелите, извозени се , а друго во Скопје се ретки мајстори за странски плин
4, најретки беа мали коли на бензин, нашата таква е, всушност и не е мал моторот, 1,4/63кв, но може и не е многу ако има клима ?? Нас не привлече мала километража, 75000км беше а исто и тоа што нема каиш туку ланче..
Бргу се покажа Друг проблем, празнење на акомулаторот на 43-45 дена...среќа лани не бев на подолг пат и не ми се случи некоја ситуација... испадна мала ама специфична работа, Радиото крадел струја, ми го отклонија за 600мкд во Дог секјурити..
Но од една страна тоа може и било причината колата да е малку возена.... размислував лани есента да ставам плин со субвенции кога беше, ама се премислив, малку возиме а плинот е само + компликација... посебно сега бензинот што падна ептен не треба..
Сега е некоја Друга ситуација, нема пазар и веројатно може да ги бираш колите како лубеници?? а од друга страна тешко дека одат во Италија, посебно не верувам во Милано
Внукот, што порано беше авто лимар, вика тие коли од јужна Италија може имаат повеќе корозија од сол ???
Јас пак мислам дека тоа нема врска, само ако е со траект преку море возена може да има долу корозија...