Некоја година пред коронава, една сабота сабајле, излегувам низ населба да се прошетам. Обично тоа го правам со кабриолетот (А5), онака лабаво, без галама, со 2-30 на саат, низ улички, не побрзо. Eм да поздравиш, кого и да видиш, ем да не узнемираваш комшии. Арно ама, баш тогаш кабриолетот ми беше на пимпање у Сарај, а Приусот на сервис. Да палам LandRover за низ населба, не иде, ќе ме кошта ко со такси да сум се шетал. Па си реков, дај ќе прошетам пешки. Здраво е. Ваљда. На интернет пишува.
Шибам така низ маало и доаѓам до местото, една раскрсница, кај што увек у сабота е Суљо со бансекот (самоходна циркуларна пила на 4 тркала, за тие што не знаат) и чека некој ако има за сечење дрва. Он живее позади Вардар негде, никад не кажуе каде (а мене ми е страв да прашам), али тука доаѓа да заработи некој денар. Ме позна и одма се насмеа:
- Здраво газда, да не треба дрва да се сече? - со надеж праша.
- Не бе, само се шеткам – го разочарувам.
- А ти како си? Има ли работа?
- Тапа, газда, нико не сече ова субота. - одговара тажно, инстантно мењајќи гримаса.
- Епа, тогаш ај да се провозиме малку со бансеков. Ја плаќам за вожња! - нагласувам со истиот глас со кој би воскликнал: “ Ја го спасив светот! “, кога навистина тоа би се десило.
Понесен од мојата заразна еуфорија, или поише можда од кешот кој сепак денес ќе го кркне, Суљо повторно инстантно мења расположење, го пали бансекот и док си реко пиксла, ние сме веќе со ветерот у лице низ уличкиве. Ете, ипак со kinda кабриолет, мада малку побучен. ОК, лажам - у пичку матер побучен.
Излегуеме на главна улица и шибаме накај семафори. Зелено не фаќаме, а не се ни трудиме и застануваме у едната лента, први, на семафорот. Бансекот стои, а рофта ко да има, не дај Боже, пнеумонија, али тоа не ми смета. Битна е социјализацијата и проводот, без повод.
Стоиме на семафор и уживаме у звукот на машината и одеднаш се дешава нешто немогуче. Рофтањето на бансекот комплетно го надгласува уште пострашен хорор, кој се појачува постепено, негде од позади, не мава у грб и по уши. Не се вртам, али очекувам на соседната лента да се нацрта, пред семафоров, некоја steam punk машина од каубојскион филм со Вил Смит, која само што не ја испуштила својата душа. Да, лесно е да се погоди. Не стануваше тука збор за возило на парен котел пред умирање, туку еден, не толку стар, производ на легендарната француска автомобилска индустрија. Пежо. Значи, не толку старо, се глеа по дизајнот, но не и по состојбата во која се наоѓаше. 508-мица, модел - 2012та. Застана некако, тука до нас, но продолжи да се тресе, притоа менувајќи неколку серии од различни лупања, трескања и тандркања. За на крај, само да рофта ко бансекот, али едно пет пути појако.
Стаклото на возачката врата, спуштено скоро до крај, ама подискривено и заглавено со шрафцигер. Можда заувек у таа позиција. На него изгребана налепница – од паркингот од кај е купена, а на кој предходно довлечкана, од некоја си Словенија, или кој знае од каде. Можда и влечена со влечна служба.
И позади, нормално, седи купувач на француска кола на старо.
Тука ќе си речеш, од кај знам ја дека баш тој и ја купил колата. Може ја украл, може ја позајмил од пријател, не е негова. Може му е службена....
Не. Тие крвави очи, кои злокобно не гледаат од внатрешноста, се ѕверат кон нас, се поставени на колосални подочњаци, од хронична несоница, поради стрес и грижи. Предизвикани од бесконечни циклуси на кварови, идење по мајстори, лимари, нарачување делови, трошење пари и време. Нерви највише.
Ја сум разбран човек. Имам разбирање за маките на другите и не го дожувувам лично тој антагонизам од негова страна. Го разбирам човекот. Животот те става на крстосници, од време на време, како ние сега што стоиме тука на оваа. Од време на време, човек треба да избере. Некад ќе се заебе. Јеби га. Си одлучил да идеш на одмор на Јава, наместо на Сицилија и ти се дешава цунами. Да ја легнеш оваа, или онаа. Ја бираш онаа – испаѓа транџа. Дали да купиш Сузуки на старо или Пежо – купуваш Пежо.
Нервниот систем страда. И тоа се гледа по понашање и изглед. Нервозно изненадно вртење поглед на разни страни, во потрага по имагинарен скриен сталкер. Параноја е еден од предзнаците на нервен слом. Ја неам гајле, нема што да му се плашам. Знам, си има бре човекот мака, ама Суљо се вознемири. Го фатив пријателски за рамо и одма се смири. Така делувам јас на луѓето, смирувачки.
У тој момент, се појави сјај во тие крвави замаглени очи, што стрелаа кон нас, пропратен со некакво стругање од каросеријата, кое го протолкував како обид за давање гас.
Не предизвикуваше. Прстиштата со кои го стегаше воланот му беа црвени, накај бели, од силното стискање. Да не стануваше збор за Пежо, немаше да се плашам да не се скрши воланот.
Купувачот на француски коли на старо, живее константно на дното. На дното од автомобилскиот свет. Нему таа позиција му е органска, ама не му е мила. Никако. Он ја користи секоја прилика да се докажува, небаре ќе се деси нешто магично и колата ќе му се претвори во Варбург, или Застава, или што и да е друго, со што ќе ги снема сите проблеми.
Го прифативме предизвикот, знаејќи дека имаме противник кој нема што да изгуби. Кој ќе биде безмилосен и опасен.
Се погледнавме со Суљо и он даде гас. Тогаш се упали жуто, па зелено.
И сега тука треба да продолжам да раскажувам како се тркавме низ улициве, како он не се даваше. Заебан беше. Еднаш чак и ќе не стигнеше, на една кривина, да не изманеврира Суљо маестрално со бансекот. Никад не не престигна, али признавам блиску беше. Се слупа после, у тротоар малку закачи, му се откина цело крило, али добро беше, ја мислев дека ќе експлодира Пежото.
Неќам за ова на широко, да не биде се фалам. Или едноставно ме мрзи више да пишувам.
Како и да е, ја сфати поентата, ваљда.