Кога возам со колата и кога поминувам преку дупки се слуша тропање од задното десно колце. Звукот е како со метал да се удира по ламаријата од колата или така нешто слично. Не секогаш се слуша овој звук, но сепак често. Од што можи да биди тоа? Нема никаков проблем, дефект со колата и слично. Прашал татко ми некој мајстор, тој онака ја погледнал колата на брзина и рекол дека не е ништо тоа, немало гајле... а сепак нервира нешто да ти тропа кога возиш. И исто така понекогаш се слуша некој звук како цивкање, најверојатно од амортизерот како да е. Се приметува и кога ќе ја притиснам колата во задниот дел да потклекни.
Од што можи да идат овие звуци? Дали е до лагери, амортизери, друго нешто...?
едит: имам Форд Ескорт од ’94 модел