Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Вчера си ја изгребав колата на лајсната на вратата, скроз малце е, како три-четири дупчиња се направени на бојата, ама се приметува. Каде би можела да најдам од едни како пенкалца што ги рекламираа за покривање гребаници или нешто со што би можела да ја прекријам гребаницата? Сребрена боја е, ако знае некој кај да најдам нешто такво би ми помогнало ептен :smir:

У Новус мислам дека имаат такви :)
 
Јас порачував коректор за боја за Seat Ibiza SC Emocion Red, 567 денари е во овластен сервис со број на шасија ја порачуваат така да мислам дека најубаво ти е одтаму да си порачаш за да нема некои несогласувања во нијанси.
 
Кога возам со колата и кога поминувам преку дупки се слуша тропање од задното десно колце. Звукот е како со метал да се удира по ламаријата од колата или така нешто слично. Не секогаш се слуша овој звук, но сепак често. Од што можи да биди тоа? Нема никаков проблем, дефект со колата и слично. Прашал татко ми некој мајстор, тој онака ја погледнал колата на брзина и рекол дека не е ништо тоа, немало гајле... а сепак нервира нешто да ти тропа кога возиш. И исто така понекогаш се слуша некој звук како цивкање, најверојатно од амортизерот како да е. Се приметува и кога ќе ја притиснам колата во задниот дел да потклекни.
Од што можи да идат овие звуци? Дали е до лагери, амортизери, друго нешто...?

едит: имам Форд Ескорт од ’94 модел
 
Што кола имаш???
 
99,9% е истечен амортизерот.
 
пријателе, имаш амортизер и амортизер.
зависи каков сакаш, имаш сакс, имаш феби, а имаш и кинески за ич пари.
 
па добро, средина некоја, не најчкартот, ама па не и многу скап да биди... чисто информативно цениве како се ме интересира... добар квалитет за не многу пари
 
значи, чаре му е менување, полнење...?
и да знаеш колку е отприлика цена на нов?
Можеш да ги полниш. 1000 денара амортизер + 200 работна рака (Е сеа незнам дали беа 1200 двата, или само еден, ваљда беше само еден 1200). Јас т.е татко ми ги мењаваше во Армстронг во Кисела Вода. Година дена гаранција, сега за сега се одлични! Како нови! :wink:
 
многу се жалат од пунети амортизери викаат траеле до година две зависи колку се вози.
 
па добро, средина некоја, не најчкартот, ама па не и многу скап да биди... чисто информативно цениве како се ме интересира... добар квалитет за не многу пари
Задните амортизери се прилично ефтини (во споредба со предните). Monroe за Ескорд е 2.500 денари еден (гасен), со 3 години гаранција и неограничен број на километри. 99% ти се двата се за менување, така да промени ги и ич не се замарај со полнење, репарирање и слични срања.
 
И, битно, да не се заборави е дека амортизери на иста оска се менуваат ЗАЕДНО ВО ПАР! Никогаш еден по еден!
Значи, два предни или два задни. По еден никако.
 
за ескордот, сакс амортизери ти се околу 130 евра, а билштајнот се околу 95 евра.
и двата се одлични, ке забораиш коа последен пат си ги мењал.
 
Дај МК ценовник за Билштајн, Монро? И јас имам форд, па да ги видам цените за во иднина.
 
каков форд имаш?
ценовник нема да ти заврши работа, по каталог ги наоѓам шифрите
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom