city
Модератор - технократ!
- Член од
- 1 март 2005
- Мислења
- 2.780
- Поени од реакции
- 276
Без расправа беше донесен законот за комитетот за односи меѓу заедниците, а по куса дебата, пред која опозицијата ги повлече амандманите, беа донесени и законот за советот за јавните обвинители и законот за јавно обвинителство со 81 глас.
„Господа пратеници, за прв пат во овој мандатен состав во Собранието се донесе закон со дво-третинско мнозинство. Јас ви честитам и констатирам дека Собранието го донесе законот за јавното обвинителство“, изјави Љубиша Георгиевски, претседател на Собрание.
Сепак, на седницата беше прекршен договорот од петочната лидерска средба, законите да се усвојат без расправа. Опозицијата отвори дебата дека отстапки имало и од нивна страна.
„Веста во петокот, за секој одговорен Премиер, требаше да биде - има договор, а не да излезе пред јавноста и да каже - знаете како...овие се виновниците, како да договорот не му бил ни важен. Е тоа е разочарувачки господине Велјановски“, вели Радмила Шеќеринска, претседател на СДСМ.
„Пред девет месеци требаше да биде донесен законот за јавно обвинителство, согласно уставниот закон од претходната Влада, вие не ги паметите тие месеци. Вас изгледа една изјава од Премиерот пред новинарите, после таа лидерска средба, повеќе ви значеше за да ја нападнете, отколку постигнатиот договор“, рече Трајко Велјановски, ВМРО-ДПМНЕ.
Составен дел на законите од НАТО агендата, кај законот за меѓуетничкиот комитет е и владиниот амандман, со кој се предвидува покрај листата од 45 закони кои треба да се носат со двојно мнозинство, со Бадинтер да се носат и сите закони кои се однесуваат на јазикот, културата, образованието и употребата на симболите.
Прашањето за докомплетирање на судскиот совет, се очекува да биде решено на нова средба за десетина дена, откако по внатрепартиските консултации лидерите на највлијателните партии ќе се изјаснат, дали се во согласност со уставот двата предлога за членови на судскиот совет што ги дава Претседателот, да се од редот на малцинските заедници.
Владата на денешната седница ги донесе и сите подзаконски акти околу имплементацијата на законот за внатрешни работи.