Собранието го изгласа пакетот закони клучни за добивање на поканата за НАТО

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Без расправа беше донесен законот за комитетот за односи меѓу заедниците, а по куса дебата, пред која опозицијата ги повлече амандманите, беа донесени и законот за советот за јавните обвинители и законот за јавно обвинителство со 81 глас.

„Господа пратеници, за прв пат во овој мандатен состав во Собранието се донесе закон со дво-третинско мнозинство. Јас ви честитам и констатирам дека Собранието го донесе законот за јавното обвинителство“, изјави Љубиша Георгиевски, претседател на Собрание.

Сепак, на седницата беше прекршен договорот од петочната лидерска средба, законите да се усвојат без расправа. Опозицијата отвори дебата дека отстапки имало и од нивна страна.

„Веста во петокот, за секој одговорен Премиер, требаше да биде - има договор, а не да излезе пред јавноста и да каже - знаете како...овие се виновниците, како да договорот не му бил ни важен. Е тоа е разочарувачки господине Велјановски“, вели Радмила Шеќеринска, претседател на СДСМ.

„Пред девет месеци требаше да биде донесен законот за јавно обвинителство, согласно уставниот закон од претходната Влада, вие не ги паметите тие месеци. Вас изгледа една изјава од Премиерот пред новинарите, после таа лидерска средба, повеќе ви значеше за да ја нападнете, отколку постигнатиот договор“, рече Трајко Велјановски, ВМРО-ДПМНЕ.

Составен дел на законите од НАТО агендата, кај законот за меѓуетничкиот комитет е и владиниот амандман, со кој се предвидува покрај листата од 45 закони кои треба да се носат со двојно мнозинство, со Бадинтер да се носат и сите закони кои се однесуваат на јазикот, културата, образованието и употребата на симболите.

Прашањето за докомплетирање на судскиот совет, се очекува да биде решено на нова средба за десетина дена, откако по внатрепартиските консултации лидерите на највлијателните партии ќе се изјаснат, дали се во согласност со уставот двата предлога за членови на судскиот совет што ги дава Претседателот, да се од редот на малцинските заедници.

Владата на денешната седница ги донесе и сите подзаконски акти околу имплементацијата на законот за внатрешни работи.
 
Член од
27 август 2005
Мислења
783
Поени од реакции
7
Значи ако се сака, се може! да е до мене ја не би не пуштил у НАТО со овакви политичари... уште ни фали политичка култура па и нов ешалон политичари (и позиција и опозиција) кои првенствено ќе работат за својата држава а потоа за своите партии
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
види мајката, знаеле да гласаат опозиционериве.
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
За жал уште една продзирна финта на плавците.После штетата што ја направија за извештајот , сега ке играат на тоа ако не примат ке кажат ете по наша заслуга не примија , ако не тогаш ке биде и поред нашата конструтивност неспособноста на владата ни оневозможи влез во нато.Мизерија се ,само се надевам дека народот ке стави еднаш крај на тоа зло со епитет СДС , и рошавиот лингур БЦ ке заврши онаму каде што му е местото , доживотен апартман во идризово по можност цимерот да му се презива Георгиевски:locked:
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
браво конечно покажаа транспарентност
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
Значит во април в година 108,5 % сме во НАТО????
 
Член од
22 мај 2007
Мислења
558
Поени од реакции
4
Конечно се покажа дека кога се сака се може
Само голем проблем за македонските пратеници е тоа што немаат доволно мадиња и конечно да размислуваат со сопствена глава и да престанат четворицата главатари да ги искористуваат своите луѓе и да ги пуштат на ваздух, доста беа затворени во мозоците.
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Mene olku dobra volja ne mi e na arno...Ne mi 4 logicno,do vcera plukaj,sega praj se makedonec......matat nesto,ama nema da pominat.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom