Зборувате за протест/и ... во Македонија има ама всушност да бидеме реални и нема неутралци ... протест/и е способна да организира само некоја поголема партија(како овие двеве што ги имаме) и никој друг ... какви невладини организации, какви здруженија, какви спонтани излегувања, какви бакрачи, на непартиски протест/и можат да излезат едвај неколку десетици народ но што е трагично дури и тие малкумина ќе бидат етикетирани како нечии полтрони или пак наједноставно ќе бидат наречени хулигани ко оние децана што излегоа лани да протестираат пред влада откако се случи масакрот кај Смилковско !
Ај тоа него кај нас на народецов и срам му е да излегува да протестира(зборам за мирни протести), излегувањето на протест му е испод част, срам му е да не биде виден од некого од некој пријател, познаник, колега, комшија и.т.н.
Во Македонија да излезеш на протест(за било што) е испод част, ќе те сметаат или за тешка пропалица или пак едноставно за хулиган !
Излегувањето на протест(поради било која причина) е едно од најосновните граѓански права, зборам за мирни протести секако(без насилство и дивеење), арно ама Македонецот го бива само за мрчење и жалење а никако да превземе нешто на дело ... секојдневно среќавам познаници кои се жалат за ова, за она и секогаш им го давам истиот одговор ... излези брат протестирај не ми плачи и кукај мене не сум јас никаков фактор што може да смени нешто ... а најмногу ме нервира тоа што на избори сите излегуваат и гласаат, а потоа кукаат наоколу од истите тие за кои го дале својот глас ... кој апсурд !
Едноставно е ако некој не е задоволен или нека не излегува на избори или пак нека го направи своето ливче неважечко(ова јас го практикувам), бидејќи после е*ење нема каење !