Собири и протести против СК 2014

Дали се потребни граѓански протести против проектот "Скопје 2014"


  • Вкупно гласачи
    185
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
За во петок е најавен протест од здружението на архитекти на РМ под мотото иницијатива "Го сакам ГТЦ."
Оваа иницијатива ги повикува граѓаните на протест за зачувување на карактерот на монументалниот објект и симбол на постземјотресно Скопје. Грандиозен објект и архитектонско чудо во неговото време.
Се вели ГТЦ е нераскинлив дел од идентитетот, наше градско, историско, културно наследство.
Заедничка одговорност на сегашните и идни генерации.

ПЕТОК, 14.06.2013
Западен влез од кај плоштад Македонија
Распоред
10:00-19:00
Собирање потписи (петиција)
18:00
Јавен говор и марш против насилното наметнато барокно архитектонско решение.

А дали граѓаните решаваат или не, ќе видиме.

Е сега кој ја има моќта да се спротистави на едно вакво лудило кое зема 300 милиони евра и кое за жал наместо да влегува во завршна фаза, се отвораат нови тендери за преобличување на ГТЦ, зградата на Владата итн... Прикаската ја знаете сите да не се повторуваме. Анкетите и гласовите сите ги знаеме да не се повторуваме. И за туристите што се сликале знаеме, а и за оние што не исмеваат знаеме, поточно бројката константно се зголемува, како што веста за СК 2014 одекнува како бомба низ светот. А да одекнува посебно на нетов, во последно време и во Венецуела слушнаа за СК 2014. Па уште и се прашуваат од каде имаат толку пари за ваков проект одговор што и самиот Груевски не го знае. :tapp:

Зајакот лежи во тоа што овие протести неможат да минат без етикетирање и партиско колективно собирање на багра како денешнава пред општина, па веројатно ништо различно не се очекува и во петок.

Имало собири, имало народ, имало и ефекти добро ги знаете од минатото. Меѓутоа имало и колективно неизлегување на собири и протести... Менталитет во прашање...

Деновиве се изначитав коментари меѓутоа еден ми остана в глава, вели, од вакви спонтани протести за обични глупости започна и Турската револуција. Кој беше ефектот се виде а посебно меѓународниот притисок, се виде на дело.

Е сега се поставува следново прашање дали и какви чекори треба да преземат граѓаните, граѓанските здруженија, невладините огранизациии, или ќе се иде по старото дека ваквите протести набргу ќе бидат обележани и задушени... А дали оваа акција може да стане потик за масовни следни собири и протести е тоа што тука не засега...

И ова што се пишува тука некој го чита, можеби нема да излезе од нечии фиоки, меѓутоа овие иницијативи остануваат дел од македонското општество.
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
399
Поени од реакции
472
Иницијативата „Го сакам ГТЦ“ ги повикува граѓаните на заедничка акција за поддршка на идејата за зачувување на карактерот и духот на ГТЦ.

ГТЦ е нераскинлив дел од идентитетот на Скопје, наше градителско, историско и културно наследство.
Секоја несоодветна промена на ГТЦ е сквернавење и на нашите спомени и лични истории.

Имаме заедничка одговорност за она што го оставаме на идните генерации.
ГТЦ мора да остане отворен, проточен за пешачко движење, функционален, автентичен, градски...

Дојдете да ја потпишеме петицијата, јавно да проговориме за ГТЦ и симболично да го гушнеме!

Петок, 14.06.2013
западен влез на ГТЦ (од плоштад „Македонија“)

10:00- 19:00 собирање потписи
18:00- јавно говорење
19:00- гушкање на ГТЦ

Настанот е инициран од Асоцијацијата на архитекти на Македонија, а е поддржан од професионалци од релевантни области и граѓани кои го сакаат и ценат ГТЦ.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
тоа гушкањто како ќе го изведите ?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Се кладам во 5000 евра дека ќе има контра протест, иницирано од здружение „ГТЦ е грдо решение“ на чело со архитект со долгогодишно искуство од 0 денови.
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
399
Поени од реакции
472
не сум скопјанец ама многу тачливо ми беше кога ми го партија на фб
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
Учите од труциве како се протестира ... не двајца без тројца и никој не знајт шо зборвит
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Џабе , и оваа зграда ќе падне под барокниот кич на власта ( добро можеби и не на власта ) и Скопје само ќе се накити со кичерај во раскош и ништо друго. Само се мислам , со која глава размислуваат ? Ќе се вратиме ли во 15-ти век ( или кога и да беше ) со овие барокни стилови и глупости ? Ах мојата чудесна земја :) Ништо чудно утре да почнеме и косите да ги подвиткуваме Like a Mozzart.
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
Имам слушнато дека и дуќанџиите сакале да се модернизира ГТЦ бидејки имало многу промаја .
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Вака како што е моментално ГТЦ воопшто не се вклопува во околината, едноставно грди нека го напраат и него у барок.
Сериозно бе ? До ГТЦ ви дојде ? Мислам кај бевте до сега цел град, цело скопје матер му ебаа овие до ГТЦ им дошло :pos:
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
569
Поени од реакции
233
А зошто првен организаторите на протестот не поднесат некое нормално, културно, писмено барање од властите за прекување на овој проект, стрикно за ГТЦ ако ви е болката?
Знам дека сега ќе следуваат коментари како кај бива со оваа власт со арно или слично, но пробајте најпрвин така; не ја кревајте тензијата додека не бидете стварно спремни на тоа, затоа што ке ви викнат 1, 2, 3000 нивни луѓе и ќе ви задушат и протест и се.
 
Член од
26 декември 2011
Мислења
450
Поени од реакции
278
толку од ГТЦ..сега има сити мол,рамстор.веро, ова-она...толку беше од него...сега за иста кирија си земаш дуќан во сити мол рамстор...шо бараш поќе во ГТЦ кога е отворена платформа..иницијативата сега газдите од дуќаните нека си ја пикнат во газ
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
тоа гушкањто како ќе го изведите ?
Па Леандра со Цитро ќе го скршат мразот,потоа доаѓа Ан Фем со првиот воз и му се фрла на Форест Камп, следува Ацид на кого навалуват повеќе обожователки и настанува гужва,се вика обезбедување и водени топови и протестот се растура.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Мене само ме интересира дали нашата МИЛИ - оп пардон Полиција има
водени топови. И да тркнам до Трст да купам шушкавци да продавам пред протестот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom